Македонија
МВР истакна дека во првите четири месеци 42 лица се приведени барани по потерница
Во првите четири месеци од 2022 година лишени од слобода се 42 лица од страна на Оперативниот тим задолжен за пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од казнено-поправни установи на територијата на државата и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ. Од страна на овој тим се преземаа низа мерки и активности за редовно прибирање сознанија за лица кои се предмет на потраги по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др.
Во периодот од јануари до април приведените 42 лица имаат за издржување вкупна казна затвор 110 години, 10 месеци и 20 дена и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 84 години, 10 месеци и 14 дена. Воедно реализирани се шест притворски казни. Или, во просек овој Оперативен тим приведе 10,5 лица месечно со просечна казна затвор од двеипол години по лице.
Така, во текот на јануари лишени од слобода се 10 лица, и тоа: И.А.(29) од Штип за казна затвор по чл.297, А.К.(30) од Германија, за истрага по член 236, Е.Д.(23) од Скопје, за истрага по чл. 237 и 238, С.Т.(51) од Тетово, за истрага по чл. 247, М.Т.(56) од Скопје, за издржување казна затвор од 2 години по чл.247, В.К.(38) од Скопје, баран за истрага по чл.237, М.Р.(39) од Скопје, за истрага по чл.396, Б.М.(42) од Скопје за издржување казна затвор од 18 месеци по чл.131, О.Ј.(70) од Скопје за казна затвор од една година по чл.300, Д.Е.(29) од Скопје, за издржување на двегодишна казна затвор по чл.236.
Во феруари 2022 од слобода биле лишени 9 лица, и тоа: Д.А.(45) од Скопје за издржување казна затвор од 3 години по чл.123, Џ.И.(21) од Белград за издржување затворска казна од 2 години по чл.236, Р.П.(53) од Скопје за издржување на казна затвор од 2 години по чл.378, Е.М.(33) од Штип, осуден на затворска казна од 12 години и 5 месеци, по чл.236, 383 и 394, од кои за доиздржување има уште 5 години, 2 месеца и 7 дена, Н.А.(45) од Скопје за издржување казна затвор од 2 години и 6 месеци по чл.236, Д.И.(53) од Скопје за казна затвор од 4 години и 100 дена по чл.279 и 297, К.К.(31) од Скопје за мерка притвор по чл.247, М.А.(20) од Скопје за притвор поради истражни дејства по чл.247, осуден на затворска казна во времетраење на 2 години, З.З.(62) од Скопје, за издржување казна затвор од 4 години по чл.279.
Во март годинава по потерници се лишени од слобода 10 лица, и тоа: И.П.(28) од Скопје, осуден на 5 години затвор по чл.237, од кои за доиздржување има уште 1 година, 5 месеци и 10 дена, Е.К.(37) од Скопје, осуден на затворска казна од 10 години и 4 месеци по чл.238, 386 и 236, од кои за доиздржување има уште 6 години, 9 месеци и 20 дена, Љ.П.(44) од Скопје, осуден на 10 месеци затвор по чл.144, М.Ѓ.(28) од Скопје за издржување мерка притвор по чл.215, Р.И.(53) од Скопје, за издржување на 1 година и 6 месеци затворска казна по чл.300, С.Б.(22) од Гевгелија за издржување на 100 дена затвор по чл.206, Д.Ј.(25) од Гевгелија за издржување казна затвор од 4 години по чл.418-б, М.Е.(61) од Велес за издржување на затворска казна од 14 година, по чл.394 ст.1, чл.316 ст.3, чл. 247 ст.3, чл.259 ст.2, чл.261 ст.3 и чл.396 ст.2 од Кривичниот законик, Ф.П.(29) од Скопје, осуден на казна затвор од 2 години по чл.236, Г.М.(48) од Скопје за издржување казна затвор од 2 години по чл.130.
Во текот на април, пак, приведени се 13 лица по распишани потерници, и тоа: А.Н.(69) од Скопје, осуден на казна затвор од 4 години и 2 месеца по чл.247, од кои се доиздржување има уште 1 година, 7 месеци и 15 дена, А.Ѓ.(28) од Скопје за мерка притвор по чл.123, И.Р.(31) од Скопје за издржување на затворска казна од 3 години по чл.353, М.Д.(60) од Скопје за издржување на половина година затвор по чл.297, А.Г.(37) од Тетово осуден на 3 години и 6 месеци затвор по чл.215 од кои за доиздржување има уште 4 месеци, Б.Д.В.(40) од Скопје за мерка притвор по чл.247, А.А.(32) од Скопје, за издржување на 2 годишна затворска казна по чл.383 и 236, С.Т.(52) од Р.Турција, за издржување затворска казна од 1 година и 4 месеци по чл.236 и мерка притвор по чл.144, Д.С.(34) од Скопје, за издржување на 2 години казна затвор по чл.236, С.Ц.(38) од Германија за издржување на затворска казна од 7 години по чл.237, А.Т.(38) од Битола за 2-годишна казна затвор по чл.131, С.Б.(23) од Скопје за издржување на мерка притвор по чл.288 и 292 и Н.К.(26) од Скопје, осуден на четиримесена затворска казна.
Македонија
МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М. водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник С.Ј. а биле присутни и водителот М.Н. и камерман.
Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претходно и ЗНМ истакна соопштение околу овој случај кое гласи:
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата.
Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот кога екипата направила пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува. Напаѓачот, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде што со сила искршил уште една врата обидувајќи се да стигне до студиото
Според сведочењата нa колегите, лицето упатувало навреди и закани по живот, а насилното упаѓање во редакцијата довело и до насилно прекинување на емитувањето на програмата, со што директно било спречено новинарите да ја вршат својата професионална должност и слободно да информираат.
Ваквото однесување, може да биде опфатено со одредбите од член 382 од Кривичниот законик Спречување службено лице во вршење службено дејствие, со предвидени казни до три години затвор, со оглед дека напаѓачот насилно упаднал во студиото, кршел инвентар и насилно ја прекинал работата на новинарите а со тоа и нивната обврска слободно да информираат.
Овој инцидент претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Настанот уште еднаш ја потсетува јавноста и институциите на неопходноста од обезбедување безбедна и заштитена средина за работа на медиумите.
Бараме најстрога санкција за сторителот, со цел спречување на идни напади и нулта толеранција кон насилство врз новинари.
Очекуваме сите надлежни институции, вклучително и полицијата и обвинителството, да постапат професионално, ефикасно и без одлагање, со цел случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.
ЗНМ ќе продолжи внимателно да го следи случајот и ќе реагира секогаш кога е загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.
Македонија
Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т. (38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Македонија
ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател.
Со наведеното дејствие, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извор: МВР
-
Хороскоп15 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Македонија1 денОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle1 денЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Технологија1 ден„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили1 денГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Магазин1 денSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
