Следете не

Македонија

МВР издаде апел за посебно внимание за лажните наградни игри што се шират на социјалната мрежа „Фејсбук“

Објавено пред

на

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет.

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“

Објавено пред

на

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.

Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Земјотрес регистриран во источна Македонија

Објавено пред

на

Предмалку нов земјотрес регистриран во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ истиот е забележан со јачина од 3.3 степени според рихтер, со епицентар кај град Кочани.

Прочитај повеќе...

Македонија

Затворски бегалец од Тетово баран со потерница пронајден во Кичево

Објавено пред

на

На 28.09.2024 во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ – Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци.

Лицето е спроведено во казнено поправната установа, за медиумите известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за недела (6 октомври)

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом...

Занимливости2 часа

Астрономите очекуваат експлозија на ѕвезда која се случува еднаш на 80 години

Деновиве, најголемите научници од сите вселенски агенции гледаат во темната точка што го чека ударот – ерупцијата на ѕвездата T...

Скопје11 часа

Во понеделник во Скопје посебен режим на сообраќај

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република...

Кичево12 часа

Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика

Во вторник, 08 октомври од 19:30 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, по трет пат ќе се одржи „Концерт...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (5 октомври)

Овен Нервозата која доаѓа од вашето професионално окружување влијае на вас личност. Ве очекува период во кој ќе размислувате за...

Спорт1 ден

УЕФА денес соопшти дека најостро го осудува физичкиот напад кон претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, повика на брза и темелна истрага

УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Имено како што стои во...

Македонија1 ден

(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“....

Спорт1 ден

Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за натпревари ја одржа ждребката со која беа извлечени паровите за...

Магазин1 ден

Еве што нема да има новиот iPhone SE

Веќе знаеме дека Apple подготвува нов модел на iPhone SE, а сега дознаваме уште неколку детали. Нови информации ни носи...

Магазин1 ден

Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција

Квалитетот на животот често е тесно поврзан со количината на музика, па логично е што многумина сметаат на стриминг услуги...

НАЈЧИТАНИ