Македонија
МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Имено, првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Македонија, усвоил план за изменување и дополнување на планот за јавни набавки за 2023 и го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на една година со што двојно ја зголемил проценетата вредност за набавката и склучил договор со друго правно лице.
Второпријавениот, во својство на директор на Сектор за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот за јавни набавки со Секторот за јавни набавки на Државна лотарија на РМ за 2023, во кое навел дека предвидените средства за изнајмување на софтвер на лотариски систем во висина од 12.000.000 денари не се доволни и исто така не преземал дејствија за раскинување на договорот со едно правно лице и покрај тоа што знаел дека постапуваат погрешно во делот на одржување на софтверот.
Второ, трето и четврто пријавените, во својство на членови на комисија за јавни набавки, изготвиле извештај од спроведена постапка од 2023 во која констатирале дека доставените понуди од едното правно лице и другото правно лице ги исполнувале критериумите, и покрај тоа што не ги исполнувале бараните критериуми.
Петто и шесто пријавените во име на правните лица склучиле договор за поднесување на заедничка понуда во отворена постапка, во кој навеле дека освен банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот едното правно лице ќе обезбеди и развиен софтвер за лотариски систем, додека пријавеното правно лице не се придржувало и не ги исполнило условите и барањата од набавка.
Од преземените дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист од 11.870.754 денари, информираше МВР за јавноста.
Македонија
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит.
Македонија
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација

Македонија
МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци

За време на изминатиот викенд (11/12.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.502 издадени платни налози, 958 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои четири за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и пет возачи за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 97 прекршоци за неправилно паркирање, 122 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле пет возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 43 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 33 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираше МВР.
-
Lifestyle22 часа
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника1 ден
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Македонија2 дена
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
-
Спорт2 дена
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (15 октомври)