Македонија
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 05.08.2025, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, со истакнување и веење на знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Полициски службеници го лишиле од слобода додека Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години и донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.
МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство, информираше МВР.
Македонија
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините

Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, како во минатото така и сега и во иднина, полицијата ќе биде крајно ригорозно по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања и друг начин на ширење на говор на омраза.
За потсетување, во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки а едно лице е лишено од слобода и против него ќе следи соодветен поднесок.
Што се однесува за фудбалскиот натпревар кој се одржа на арената Тодор Проески во Скопје на 05.08.2025, СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител. Имено, доставено е писмено известување до Обвинителството врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за било какви утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана, вели МВР.
Македонија
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден

На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.С. (54) од Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираше МВР за јавноста.
Македонија
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица

По обилните дождови и силните ветрови што зафатија дел од земјата, засега не се пријавени ниту материјални штети ниту повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со тимот од оперативниот сектор и дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
ЦУК како што информираат, остануваат во постојана приправност и продолжува со координирани мерки за навремена и ефикасна реакција доколку се појави потреба.
Извор: ЦУК
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (6 август)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Македонија1 ден
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Магазин1 ден
ChatGPT-5: Што носи новата револуција во вештачката интелигенција?
-
Спорт1 ден
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал
-
Магазин1 ден
Сочни пилешки бургери од рерна
-
Магазин1 ден
One UI 8 Beta наскоро достапен за повеќе Galaxy уреди