Македонија
МВР: На Табановце санкционирани два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

На 30.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, за медиумите извести Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси

На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот.
Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, известува МВР.
Македонија
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува

На ден 24.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 1 е под контрола и 1 е изгаснат, известуваат од ЦУК.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Василево: с. Пиперово (сува трева)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
ИЗГАСНАТИ: 1
1. Општина Куманово: ул. 60, до железничка станица (сува трева)
Македонија
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани – Прилеп, поради одржување на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“, сообраќајот ќе биде во прекин.
Сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
-
Кичево1 ден
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија2 дена
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за недела (24 август)
-
Временска прогноза23 часа
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника1 ден
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle1 ден
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт1 ден
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови