Хроника
МВР потврди: Пронајдени починати лицата по кои се трагаше, по сообраќајка и пад во река Лепенец
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје–ГП Блаце.
Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување
Хроника
Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот
На 06.12.2024 околу 16:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот, било донесено десетмесечно бебе. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено за обдукција, за јавноста известија од МВР.
Хроника
По тешко боледување почина митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, нашиот духовен лидер и посветен пастир
По тешко боледување и срцеви проблеми почина митрополит на Дебарско-кичевската епархија и синодски портпарол г. Тимотеј, архиереј на МПЦ-ОА изран 1981 година. Роден е во 1951-та година во Младо Нагоричане – кумановско, со световно име Славе Јовановски.
Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир и наш татко.
За повеќе информации за неговото последно испраќање, ќе биде дополнително истакнато во јавноста.
Нека почива во мир Владиката г. Тимотеј, Бог да го всели во Царството Небесно!
Хроника
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за медиумите информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Магазин1 ден
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Спорт10 часа
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
-
Хороскоп5 минути
Хороскоп за сабота (14 декември)
-
Магазин1 ден
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Магазин1 ден
Threads тестира напредни функции за пребарување
-
Технологија2 часа
(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?