Македонија
МВР со детали за страотната сообраќајна несреќа вчера кај с.Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево
На 25.07.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и патничко возило „тојота корола“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.
На местото на незгодата починал Г.Р., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., негов сопатник С.Б.(62) од Охрид и малолетен сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“ од с.Долна Белица, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
Извор: МВР / СВР Охрид
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.
До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.
Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА
Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.
Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму
Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија
АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.
Имајте пријатен ден.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево12 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза11 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија13 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Магазин2 денаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
