Следете не

Скопје

МВР со официјално соопштение за немилиот настан на „Самоилова“

Објавено пред

на

На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. „Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.

По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

/МВР

Скопје

Денес во Скопје посебен сообраќаен режим поради марш за женски права

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (08.03.2023), поради најавено одржување на марш за женски права, со почеток во  18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, трасата на движење е од плоштадот „Филип Втори Македонски“, во продолжение по ул.„11 Март“, право на бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11 Октомври“ и лево до парк „Жена борец“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

/МВР

Прочитај повеќе...

Скопје

Вооружена престрелка вечерва во скопски локал, неофицијално две лица биле убиени

Објавено пред

на

Престрелка помеѓу две криминални групи заврши со две убиени лица. Ова се случило вечерва пред кафулињата во Старата скопска чаршија. Местото е обезбедено со неколку полициски екипи и десетици службеници.

Сите информации се неофицијални, а од МВР велат дека се проверуваат сите детали.

Прочитај повеќе...

Скопје

СВР Скопје вчера изрече 136 мерки, 10 од нив за возење без возачка

Објавено пред

на

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 12 санкции за непочитување на брзината на движење, девет за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири мерки за возач почетник, три санкции за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт9 минути

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle35 минути

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин40 минути

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео43 минути

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

Автомобили49 минути

Во зимски услови, опсегот на електрични автомобили опаѓа и до една третина

Растојанието што електричните автомобили можат да го поминат во зима со полна батерија е за една третина помалку од рекламираното,...

Магазин1 час

Еве што Xbox Series X може да направи, а PlayStation 5 не може

Долго време се води дебата за тоа дали Xbox Series X е подобра конзола од Sony PlayStation 5. Колку и...

Магазин1 час

Повеќе од 150 милиони корисници би можеле да останат без TikTok

Кинеската социјална мрежа TikTok објави дека има 150 милиони месечни активни корисници во САД, што е за 50 отсто повеќе...

На денешен ден5 часа

На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната полутопка, односно есенска рамноденица...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (21 март)

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Спорт14 часа

(ВИДЕО) Најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди од македонската фудбалска репрезентација со најискрени насмевки

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини сподели видео каде дечињата ги пречекуваат фудбалерите на македонската репрезентација, каде истакна:...

НАЈЧИТАНИ