Македонија
МВР со важна информација за личните документи, возачки дозволи и пасоши..

МВР информира дека поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).
Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.
Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.
Извор: МВР
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Кичево12 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт3 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија5 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија16 часа
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце