Македонија
МВР во засилена акциска вчера ги „подбра“ возачите на мотоцикли кои направиле прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (06.04.2023) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи.
Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
За време на контролата санкционирани се и 200 други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, известува МВР.
Македонија
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден

На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.С. (54) од Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираше МВР за јавноста.
Македонија
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица

По обилните дождови и силните ветрови што зафатија дел од земјата, засега не се пријавени ниту материјални штети ниту повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со тимот од оперативниот сектор и дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
ЦУК како што информираат, остануваат во постојана приправност и продолжува со координирани мерки за навремена и ефикасна реакција доколку се појави потреба.
Извор: ЦУК
Македонија
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово

Предмалку земјотрес регистриран во Македонија, според информациите на ЕМСЦ лоциран е околу град Тетово, со јачина од 2.9.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 31 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/lXZ7ajrO5Y— EMSC (@LastQuake) August 4, 2025
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.9 occurred 9 km S of #Tetovo (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 16:14:06). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/S80VoODDuQ
🖥https://t.co/PCBUEIynlz pic.twitter.com/s3baNhFnOS— EMSC (@LastQuake) August 4, 2025
-
Хроника2 дена
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка
-
Кичево1 ден
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 август)
-
Кичево23 часа
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Македонија1 ден
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност
-
Спорт1 ден
Србија официјално остана без „АТП“ турнирот