Следете не

Забава

На денешен ден.. (21.04)

Avatar

Објавено пред

на

753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим.

1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот.

1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор.

1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати дела се трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.

1816.- Родена е Шарлота Бронте, англиска писателка. Се прославила со романот „Џејн Ејр“. Други нејзини познати дела се: „Ема“, „Професор“ и „Вилета“. Умрела во 1855 година.

1856.- Австралија е првата земја во светот која вовела осумчасовно работно време.

1918.- Во воздушна борба загинал германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Тој во текот на војната соборил повеќе од 80 непријателски авиони.

1926.- Родена е британската принцеза Елизабета Александра Мери, од 1952 година Елизабета Втора, кралица на Велика Британија.

1946.- Во Скопје била изведена првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна.

1960.- Главниот град на Бразил бил преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.

1967.- Оружените сили на Кралството Грција под раководство на десничарски ориентираните полковници извршиле државен удар и ги укинале сите уставни институции во земјата. Обидот на кралот да изврши противнапад не успеал, па монархот морал да ја напушти земјата. Извесно време во Грција постоело регентство, а потоа била прогласена република.

1993.- Врховниот суд на Боливија на 30 години затвор го осудил поранешниот диктатор Луис Гарсија Меса, под обвинение за убиства, грабежи, измами и непочитување на Уставот.

1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје, била предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациска врска меѓу Република Македонија и САД.

1997.- Првите кинески војници навлегле во Хонгконг во рамките на подготовките за преминување на таа британска колонија на 1 јули 1997 година под суверенитет на Кина.

2010.- Умрел Хуан Антонио Самаран, долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). На чело на МОК бил од 1980 до 2001 година.

2014.- На Малта на 67-годишна возраст по кратко боледување починал Љупчо Самарџиски, еден од најзначајните мултимедијални уметници со меѓународно реноме, сликар, солист на контрабас и композитор. Од 1985 до 1993 година живеел во Париз, а од 1995 година на Малта. Како солист на контрабас настапувал скоро во сите земји во Европа, САД, Канада, Бразил, Мексико. Бил член на повеќе светски уметнички асоцијации вклучувајќи ги и УНЕСКО и Ф.И.А.М. Љупчо Самарџиски бил роден на 4 октомври 1947 година во Скопје.

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 9 часа

Денес ќе имаме сончево време, додека викендот ни доаѓа кратко освежување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на...

ЗабаваПред 10 часа

Хороскоп за денес (24 Јули) Среда

ОВЕН Задоволни сте од околностите кои ги имате и не сте подготвени за било какви промени. Потрудете се да ја...

СветПред 17 часа

(ВИДЕО +18) Украде мотор, потоа се закани со пиштол, па беше застрелан од полицијата пред камери!

Како што објавуваат бразилските медиуми, полицаецот се враќал дома после завршена смена и случајно се нашол на местото на настанот....

НастаниПред 23 часа

Вработените во АРМ од Кичево денес ќе даруваат крв

Од Институтот за трансфузиона медицина известуваат дека за денес планирани се крводарителни акции со вработените во АРМ во касарната во...

Временска прогнозаПред 1 ден

Сончево и денес со засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието....

ЗабаваПред 1 ден

(23 Јули – Вторник) Дневен Хороскоп

ОВЕН Ги преиспитувате своите амбиции и доаѓате до заклучок дека постојат некои рабаоти кои треба да ги промените во своите...

СветПред 2 дена

(ФОТО) Ѓоковиќ ужива во Хрватска со сопругата, правејќи си фотки од дрон

Првакот на Вимблдон, најпознатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со својата сопруга допатува на закажаниот одмор во Хрватска, па од птичја...

ЗанимливостиПред 2 дена

(ВИДЕО) Куче херој: Помисли дека неговиот сопственик се дави!

Кучињата често покажуваат колку не сакаат. Некои сакаат да спијат со сопствениците, а некои да делат сочни бакнежи. Нивните гестови...

МакедонијаПред 2 дена

Ноќеска бензинот и дизелот со пониски цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за еден денар, додека за половина денар...

ХуморПред 2 дена

(ВИДЕО) Си направи да му е интересно, си сурфаше на врата по вода

Чудесен е светот и идеите во него… Баткава сурфаше по вода со влезна врата…

НАЈЧИТАНИ