Спорт
На денешната седница на Управниот одбор при ФФМ одлучено да продолжи поддршката на училишниот спорт за најмладите како и формирање на совет за едукација на тренери
На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
