Македонија
На експресниот пат „А1“, делница Градско-Дреново од денес до април ќе има пренасочен сообраќај и регулиран на одредени делови поради работа

Македонија
Здружението на новинари – „ЗНМ“ упати апел до политичарите и носителите на јавни функции

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич треба да служи како пример пред се за владините службеници, кои во неколку наврати на одвоени прес конференции имаа несоодветна комуникација со дел од новинарите.
Таквата комуникација не смее да стане пракса, на прашањата на новинарите кои се глас на јавноста треба да се одговара постојано и отворено, се вели во соопштението, кое во потточки прецизно го наведуваат следново:
1️⃣ Не покажувајте ароганција и незаинтересираност
-Не бидете одбивни, нетрпеливи или иритирани.
-Избегнувајте сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност.
-Не ја минимизирајте трагедијата и не префрлајте вина на други.
2️⃣ Не прикривајте информации и не избегнувајте одговори
-Не одговарајте со нејасни и празни фрази.
-Ако одредени информации сè уште не се достапни, кажете го тоа отворено наместо да бегате од прашањата.
-Не давајте погрешни или контрадикторни информации – тоа создава недоверба и шпекулации.
3️⃣ Не ja користете трагедијата за политички маркетинг
-Ова не е време за политички поени или ПР настапи.
-Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.
-Не ја користете трагедијата за напад на политички противници.
4️⃣ Не ги обвинуваjте јавноста, медиумите или жртвите
-Не сугерирајте дека жртвите сами си се виновни.
-Не напаѓајте новинари дека „ширеле паника“ само затоа што поставуваат тешки прашања.
-Медиумите имаат право да информираат – почитувајте ја нивната улога.
Извор: ЗНМ
Македонија
Страшна работа, викендов 131 возач „паднаа“ на алкотест

Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина.
Исто така, евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, 192 лица некористеле сигурносен појас, 58 возачи на моторцикли не користеле заштитен шлем, 68 возачи говореле на мобилен телефон, 15 минале на црвено светло, а прекршочно биле казнети и 11 пешаци.
Инаку досега, односно за првата половина од овој месец – заклучно со податоците од 16 март, од сообраќај вкупно беа отстранети 1154 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 487 возачи паднале на алкотест, додека пак дури 2790 возачи добиле прекршочни казни заради прекорачување на пропишаната брзина на движење.
Од вкупниот број издадени платни налози – 11750, 925 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 473 – за говорење на мобилен телефон при возење, а казнети се и 324 пешаци.
Исто така, 2591 прекршочни пријави се однесуваат на неправилното паркирање, а поради техничка неисправност од сообраќај биле отстранети 97 возила, како и уште 278 возила кои што биле нерегистрирани, известува МВР.
Македонија
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од морални причини, истата ја истакна на неговата социјална мрежа која ви ја пренесуваме во целост:
– Почитувани сограѓани,
Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани.
Оваа загуба е огромна!
Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели.
Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна.
Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се’, како и за моите лични постапки.
Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме црлосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.
За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам.
Работев чесно и посветено целиот свој живот!
Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!
-
Македонија1 ден
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника21 час
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Балкан6 часа
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Хроника1 ден
Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК
-
Хроника1 ден
(ВИДЕО) Директорка на кочанската болница: „Дел од починатите се малолетни, без лична карта, нивната идентификација е тешка“
-
Хроника1 ден
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!
-
Македонија22 часа
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации
-
Хроника1 ден
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани