Македонија
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
Македонија
Јанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
Во Тирана, Албанија, се одржа регионален стратешки состанок организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на законот, на кој учествуваа претставници од повеќе земји од регионот, меѓу кои и Република Македонија.
На средбата се разгледуваа предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, организираните транснационални групи и нелегалните финансиски текови – проблематики што остануваат во фокусот на регионалните безбедносни политики.
Учесниците усвоија низа заклучоци кои предвидуваат зајакнување на регионалната координација, развој на нови оперативни механизми и предлог-иницијативи за подобра размена на информации и поефикасни заеднички акции. Според организаторите, ваквите состаноци имаат цел да ја зголемат подготвеноста на државите во справувањето со современите безбедносни ризици.

Регионален стратешки состанок во Тирана, Албанија
Македонската делегација предводена од директорот на БЈБ, г-дин Александар Јанев, началникот на „РЦ Запад“ г-дин Љупче Спироски и останатите, истакнаа дека приоритет останува превенцијата и навременото откривање на криминални мрежи како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво. Дополнително беше нагласена потребата од создавање постабилна и побезбедна средина за граѓаните, без разлика на нивната мобилност низ регионот.
Учесниците заклучија дека регионалната соработка и довербата меѓу полициските служби се клучни за јакнење на безбедноста, како во Западен Балкан, така и во поширокиот европски безбедносен простор.
Македонија
ЦУК: Излеана река Пчиња од своето речно корито за околу 20 сантиметри, но не претставува проблем по живеалишта
РЦУК Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.
Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици.
Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.
За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.
Извор: ЦУК
Македонија
МВР: Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим
На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети.
Во службени разговори во полициска станица лицата изјавиле дека предметите ги украле од рудник „Бучим“ во Радовиш, а воедно признале дека и претходно имале извршено вакви дела, по што одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина пронајдена е поголема количина на складиран отпад и стари возила. Притоа, инспектор за животна средина утврди дека има складирано поголема количина на отпад со кој А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат и дека на тој начин истите вршат кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.
Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во рудникот „Бучим“, кој се сомничи дека за одреден паричен надомест дозволувал на лицата преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите.
Лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, информираше МВР за јавноста.
-
Кичево1 ден(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Временска прогноза1 денВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија1 денЦУК: Апелираме за на зголемена внимателност при движење низ улиците каде има проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот
-
Lifestyle1 денКако да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома
-
Спорт1 денМилевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
-
Спорт19 часаМакедонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
