Следете не

Спорт

На меѓународниот ден на жената, ФФМ ја претстави првата стратегија за женски фудбал

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија на меѓународниот ден на жената, 8. март, ја претстави првата македонска женска стратегија „Повеќе жени – повеќе голови“ 2021-2025.

На официјалната промоција на стратегијата на ФФМ наши спрецијални гости беа aмбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

Преку создавањето на првата стратегија за женски фудбал, нашата цел е да го направиме женскиот фудбал спортски избор број еден во нашата земја за жени и девојки.

Преку работа на структурите во федерацијата за женски фудбал, сакаме да изградиме развојна натпреварувачка структура, која е одлична за фудбалерките, но првенствено целта е да развиеме и да поддржиме амбициозна репрезентативна структура со предизвик да биде конкурентна на европската фудбалска сцена.

Свои обраќања на денешниот настан имаа потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев, генералниот секретар, Филип Поповски, а своја поддршка преку видео обраќање даде нашиот Влатко Андоновски, селектор на женската репрезентација на САД.

Лазар Ракиџиев – потпретседател на ФФМ:

„Водејќи се од максимата „Еднакви можнсти за сите“ ја создадовме првата македонска стратегија за женски фудбал: Повеќе жени – повеќе голови!

Преку инспиративна промоција се обидуваме да ја направиме играта привлечна и достапна со намера да ги надминеме сите културни или практични бариери кои може да постојат.

Сакаме секоја девојка која сонува да игра за нашата репрезентација да се чувствува уверена дека нејзиниот талент ќе биде забележан и дека ќе бидат достапни потребните тренерски можности за поддршка на нејзиниот развој.

Женскиот фудбал е многу повеќе од елитна изведба. Со зголемување на нивоата на партиципација, можеме да придонесеме и за многу општествени прашања. Подобрување на на физичка подготвеност, зголемување на самодоверба, создавање нови можности за вработување или надминување на заблудата поврзана со учеството на жените во спортот.

Заедно со моите колеги сме посветени да ја одиграме нашата целосна улога во развојот на женската игра и да дадеме придонес да бидеме многу повеќе од гледачи на женскиот фудбал.

Затоа што колку повеќе ги славиме жените во спортот и во фудбалот, толку повеќе ќе имаме што да прославуваме“.

Филип Поповски – генерален секретар на ФФМ:

“Оваа стратегија е комплето посветена на позитивна акција. Таа веќе е во функција од минатата година. Работејќи преку петте стратешки столбови, имаме намера да изградиме и зајакнеме долгорочна и одржлива национална структура за женски фудбал.

Сепак, ова нема да се случи само и единствено со нашите напори. За целосно да го исполниме нашиот потенцијал, ќе треба да продолжиме да соработуваме со многу различни партнери, вклучувајќи ги нашите клубови, нашите училишта, локалните власти, медиумите и комерцијалните партнери. Сите ние имаме важна улога во развојот на женскиот фудбал како женски спорт број еден во Македонија и се надеваме дека оваа стратегија ќе помогне да се инспирира континуирана поддршка и вклученост.

Ќе создадеме поголема пристапност до нашата фудбалска инфраструктура и преку тоа ќе се обидеме да ги надминеме бариерите кои историски го спречуваа ангажманот на жените. На ниво на федерација ќе се погрижиме жените да имаат еднакви можности за пристап до нашата управувачка структура и до клучните улоги во нашиот тим.

Ние како ФФМ не веруваме дека само еден ден во годината треба да е посветен на жените. Со оваа стратегија сакаме да допринесеме и да го славиме женскиот фудбал и улогата на жените во спортот секој ден во годините кои следат.

Влатко Андоновски – селектор на женската репрезентација на САД:

„Моја поддршка за овој фантастичен проект со кој ќе го забрза растот на женскиот фудбал. За остварување ќе треба посветеност од сите, сите ќе имаат своја улога. Со план како овој мислам дека ни претстои светла иднина, ништо не може да се смени преку ноќ, ама можеме многу да направиме. Кога жените се успешни, сите ние сме успешни“.

Настанот се емитуваше во живо и можете да го прогледнете во продолжение ТУКА

Спорт

Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.

Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.

Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.

Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).

Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).

Напред „рисови“, напред Македонија!

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.

„Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.

Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Прочитај повеќе...

Спорт

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.

Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.

Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.

Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.

Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Јанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон

Во Тирана, Албанија, се одржа регионален стратешки состанок организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на законот, на кој...

Кичево1 час

„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево

Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево, организира хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка...

Фото: Michael Förtsch @ unsplash Фото: Michael Förtsch @ unsplash
Автомобили7 часа

Продажбата на BYD во Европа скокна, најавена е силна експанзија

Кинескиот производител на електрични и хибридни возила BYD планира значително да ја прошири својата продажна мрежа во Европа до крајот...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин7 часа

Google го лансира Gemini 3, најпаметната вештачка интелигенција досега

Google ја претстави серијата Gemini 3, за која компанијата тврди дека е нејзиниот најинтелигентен и најмоќен систем со вештачка интелигенција...

Македонија7 часа

ЦУК: Излеана река Пчиња од своето речно корито за околу 20 сантиметри, но не претставува проблем по живеалишта

РЦУК Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на...

Македонија9 часа

МВР: Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим

На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР...

Временска прогноза10 часа

Дожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата

Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за среда (19 ноември)

ОВЕН Овој викенд ќе бидете доста емотивни и чувствителни, но не во негативна смисла. Обрнете посебно внимание на луѓето што...

Спорт20 часа

Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор...

Технологија1 ден

Падот на „Cloudflare“ кој предизвика тотален интернет хаос, се соочил со проблем т.н. „внатрешна деградација на услугата“, претходно паднаа „Азур & Амазон“

Глобалниот провајдер на интернет-инфраструктура „Cloudflare“ денес се соочи со сериозен прекин кој траеше околу три часа, оставајќи милиони веб-страници и...

НАЈЧИТАНИ