Македонија
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона
На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, струшко, кој со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
-
Кичево21 час„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина22 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија2 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
