Временска прогноза
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
Под влијание на многу топлата воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаат северните и североисточните предели од државава.
Освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи и нестабилност ќе има во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат.
Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура2 денаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза2 денаДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина14 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Хороскоп30 минутиХороскоп за петок (5 декември)
