Македонија
На подрачјето на СВР Охрид вчера санкционирани 33 возачи кои престигнувале на полна линија и непрегледни места

На 24.02.2023 од 14:00 до 18:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници санкционирале 33 возачи на моторни возила кои, на непрегледни места и поставен сообраќаен знак за забрането престигнување, извршиле престигнување на други возила (Охрид-18, Струга-04, Кичево-04, Дебар-07).
/МВР
Македонија
Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информираше МВР.
Македонија
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.
Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).
Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.
Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника1 ден
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Храна1 ден
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Магазин1 ден
Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки
-
Македонија16 часа
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
-
Автомобили21 час
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“