Временска прогноза
На повидок ништо од топлото време, продолжува нестабилно со локални интензивни врнежи од дожд по региони, ова се најновите информации..
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните девет до десет денови времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, додека во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите и во следните десет денови нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 28 степени, а ќе има и денови кога ќе бидат малку пониски. Нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме, за нашиот медиум истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (27 март)
-
Култура1 ден
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија24 часа
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Кичево18 часа
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт20 часа
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle18 часа
Дали знаете што значи WC?
-
Мобилни уреди1 ден
На голема врата со 4G поддршка се враќа легендарниот „Nokia 3210“