Следете не

Временска прогноза

На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

Оваа недела не чека претежно стабилно и суво време со голем пораст на температурите, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Славчо Попоски. Се очекуваат температури насекаде низ Македонија да надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, потенцира метеопрогнозерот.

Попоски додава дека исто така се очекува и висок УВ индекс, па затоа граѓаните да пијат повеќе течности во текот на жешките денови пред нас.

Временска прогноза

Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Објавено пред

на

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу слаб дожд (ништо посебно). Наутро температурите остануваа пониски и ќе биде свежо, кога на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се спуштаат до околу 15, 16 степени.

Во Скопје очекуваме случно време, пријатно топло преку ден и релативно свежо наутро.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а пад на истите за неколку степени се очекува од 6 октомври. Тогаш утрата барем одсега гледано ќе бидат уште посвежи, но и понатаму ќе продолжи сувиот период без врнежи.

Октомври месец оваа година би можел да биде многу сушен во нашиот дел од Европа. Секако ние ќе ги следиме континуирано работите и развојот на времето, и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба кај нас и пошироко во регионот, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пред нас период на топли есенски денови, ова се сите информации..

Објавено пред

на

Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.

Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.

Да напоменеме дека и во следниот период ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

И во првите денови од месец Октомври ќе имаме „Мини лето“ со пријатни температури на воздухот преку ден, а вие овие денови максимално искористете ги за уживање, или пак за правење на зимница, пишува Славчо Попоски за Порта.мк

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од вечерва и во текот на утрешниот ден локален дожд, еве каде..

Објавено пред

на

Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

– Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. 🌩🌩🌩

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што...

Скопје13 часа

Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на...

Македонија19 часа

(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат...

На денешен ден1 ден

На денешен ден – 30 септември

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (30 септември)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Временска прогноза1 ден

Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу...

Спорт1 ден

Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за...

Скопје2 дена

За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (29 септември)

ОВЕН Сосема просечен работен ден е пред Овните, па со малку поспоро темпо ќе ги завршат сите работни обврски. Просечен...

НАЈЧИТАНИ