Балкан
На „Прешево“ се чека околу 40 минути, додека за товарните возила најдолго се чека на излез од Србија кон Унгарија
Јавното претпријатие „Патишта Србија“ соопшти дека патничките возила на граничните премини Гоштун, Батровци и Прешево на излез од Србија се чека околу 40 минути, а на Градина околу половина час.
Што се однесува до товарните возила, најдолго се чека на излезот од Србија кон Унгарија, каде камионите се задржуваат четири часа, а кај Келебија и Шид се чека околу два часа.
На другите гранични премини нема подолги задржувања, се наведува во соопштението, пренесува Бета.
ФОТО: АМСС
Извор: politika.rs
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија12 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп11 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Спорт2 денаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
