Македонија
На технички констатирани неисправни кочници на автобус, во Кичево пешаци преминувале надвор од обележан пешачки премин
На 06.12.2021, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице се поднесени соодветни пријави.
Во Струга, поради неправилно паркирани возила, со специјално возило „пајак“, подигнати се пет моторни возила.
Во Кичево полициските службеници санкционирале шест пешаци кои коловозот го преминувале надвор од обележан пешачки премин.
Известува: Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп39 минути
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи2 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?