Кичево
(ФОТО) На влез во Кичево предмалку се случила тешка сообраќајка, има повредени
Пред неколку минути тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Кичево-Охрид, во непосредна близина на нас. Горица.
Несреќата се случила помеѓу пмв. Шевролет Калос со скопски регистарски ознаки и тмв. превозно комби Мерцедес со кумановски регистарски ознаки.
Од она што може да се констатира, причинета е материјална штета, додека екипи на Медицинска помош од Кичево брзо и професионално интервенирале на терен, пренесени се учесниците во сообраќајката во Медицинскиот Центар – Кичево на укажување лекарска помош.

Моментално ОВР Кичево врши увид и сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, на терен е излезен и Јавен Обвинител.
За здравјето на учесниците, немаме официјални информации.
– Граѓаните кои живеат во близина за Порта.мк истакнаа дека станува збор за силна детонација, односно ударот силно одекнал во близина на местото.
* Инаку за случајност, екипа на Медицински центар Струга се враќала на работа од интервенција поаѓајќи преку Кичево, така што на местото на настанот дополнително пружила помош, што е за секоја почит и за овие здравствени работници.
Повеќе очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид, во текот на утрешниот ден.
* Апел за големо внимание и придржување на поставената патна сигнализација и почитување на истата, напомена оваа делница за време на викенд и во лето е многу фрекфентна.
****
Инфо од СВР Охрид добиено денес 03.11 кое гласи:
На 02.11.2024 година во 14.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Скопје и товарно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од село Лојане, кумановско, во сопственост на Б.А. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило М.А. и двајца сопатници од патничкото возило – З.С.(63) и Р.П.(55) двајцата од Скопје, додека пак со телесни повреди се здобила В.С. која го управувала патничкото возило и сопатничка од товарното возило Н.А.(26) од село Липково, кумановско, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
-
Кичево2 денаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (10 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Временска прогноза2 денаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
-
Македонија24 часаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
