Следете не

Свет

Нафтениот гигант Петробрас го инсталираше најбрзиот супер компјутер во Латинска Америка

Објавено пред

на

Како дел од своите напори да достигне компјутерски капацитет од 40 петафлопс до крајот на 2021 година, бразилскиот нафтен гигант Петробрас го лансираше најголемиот супер компјутер во Латинска Америка. Има 200 ТB RAM и мрежен капацитет од 100 гигабити во секунда. Компанијата наведува дека оперативниот капацитет на суперкомпјутерите Dragão е еквивалентен на моќноста на 4 милиони паметни телефони и дека е помоќен од Atlas и Fenix, досега најбрзите суперкомпјутери во регионот, кои исто така се во сопственост на Petrobras.

Овој супер компјутер е наменет за геофизички пресметки, со што ќе се намалат геолошките и оперативните ризици. Алгоритмите развиени од геофизичари и аналитичари во рамките на компанијата ќе се користат за истражувачки проекти, кои ќе помогнат да се создадат слики со висока резолуција во области од интерес за истражување на нафта и природен гас. Ова ќе го оптимизира процесот на истражување, но и експлоатацијата на овие суровини.

Петробрас инвестираше многу во изградба на сопствена фарма за суперкомпјутери. Во последните неколку години тие инсталираа девет суперкомпјутери. Процесот на инсталирање на суперкомпјутерот Dragão траеше три месеци, а инсталацијата на софтверот започна на 1 јуни.

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје2 часа

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт4 часа

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија6 часа

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

Спорт7 часа

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со...

Македонија8 часа

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот...

Македонија9 часа

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

Македонија11 часа

РЦ Запад и Капетанија викендов спроведоа засилени акциски мерки согласно законот за внатрешна пловидба

Викендов (05/06/07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од...

Македонија12 часа

Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево13 часа

Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило....

НАЈЧИТАНИ