Временска прогноза
Најава за снежени врнежи следната недела

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека од петок и тоа под влијание на влажен воздушен бран ќе има повремени врнежи од дожд.
Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Од петок исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека за време на викендот, и тоа поради јужното воздушно струење истите ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи променливо облачно и релативно суво време, додека од петок па за време на викендот ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Од петок исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.
РАНА НЕОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА: Наскоро конечно планинските места, како и скијачките центри би можеле да добијат значителни врнежи од СНЕГ, и тоа на самиот крај од овој, и почетокот на следниот месец, поточно кажано следната седмица. Има можност снежната граница да се спушти и на помала надморска височина. СОСТОЈБАТА ПОНАТАМУ ПОСТОЈАНО ЌЕ СЕ СЛЕДИ И ГРАЃАНИТЕ НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДАТ ИНФОРМИРАНИ ЗА СЕКОЈА НОВО – НАСТАНАТА СОСТОЈБА.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево13 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Спорт2 дена
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Социјални мрежи2 дена
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси