Следете не

Временска прогноза

Најава за температури и до -15 степени, невообичаено за месец март, ова се најновите детали..

Објавено пред

на

Како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – за Еспресо.мк вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека утре ќе има и послаби врнежи претежно од снег.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени. Да напомене дека за време на овој ЕКСТРЕМНО СТУДЕН бран и невообичаен за месец март, температурите на повисоките планински места ќе се спуштат дури и под -15 степени.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Објавено пред

на

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај.

Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција Аемет предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.

Аемет додаде дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и „исклучително високи“ дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.

„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.

Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.

Најтопло ќе бидат петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.

Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат 40, а утре 42 степени.

„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.

Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.

Дел Кампо ги предупреди граѓаните на „екстремен ризик“ од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.

„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.

/rtv.rs/

 

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време, додека во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и тоа поради продорот на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела.

Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Автор за Порта.мк: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4-3. Во...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (21 мај)

ОВЕН Долгиот период на неколкунеделна медитација на Овните заврши денеска. Тоа значи дека треба повторно да се поврзете со реалниот...

Магазин10 часа

Meta сè повеќе отстранува насилна содржина

Meta речиси двојно ја зголеми количината на насилни содржини што ги отстранува од Фејсбук. Во текот на првиот квартал од...

Магазин10 часа

TikTok се подготвува за игри, вклучувајќи интерактивни мини игри за TikTok LIVE

Имаше извештаи дека TikTok тестира игри како дел од својата апликација во Виетнам и тоа е увертира пред големиот пробив...

Кичево16 часа

Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од...

Магазин16 часа

Претставен OnePlus Nord 2T, првиот телефон со чипсет Dimensity 1300 (ФОТО)

OnePlus официјално го претстави најновиот телефон од средната класа Nord 2T. OnePlus Nord 2T е првиот мобилен телефон во светот...

Магазин17 часа

Apple ја промени својата одлука за работа од дома

Apple ја промени својата одлука за работа во канцеларија три дена во неделата. Apple, сепак, одобрува работа на далечина Во...

Временска прогноза17 часа

Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо...

Автомобили17 часа

Mercedes од 1955 година стана најскапиот продаден автомобил во историјата

Mercedes-Benz потврди дека неодамна продал автомобил од својата музејска колекција во Германија од 1955 година. Mercedes-Benz SLR Coupe на приватен...

Спорт17 часа

Бостон убедлив против Мајами за 1:1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на...

НАЈЧИТАНИ