Магазин
Најголемите технолошки пропусти во изминатите десет години
Се вели дека патот до пеколот е поплочен со добри намери. По таа аналогија, патот до најголемите технолошки неуспеси е поплочен со добри идеи кои публиката едноставно не ги прифати. Па, да бидиме искрен, не сите од нив се добри идеи. Да видиме кои се најголемите неуспеси во светот на технологијата од 2010 година до сега, кои ги издвои порталот TheNextWeb:
Google Glass
Некои велат дека Google Glass бил далеку пред своето време бидејќи сега се појавуваат се повеќе очила за проширена реалност. Пред 8 години, кога се појави овој производ, хардверот што можеше да го прикаже AR искуството на еден пар очила беше премногу бавен, па тоа е најверојатната причина зошто публиката не го прифати овој уред. И тој воопшто не изгледаше кул.

Windows Phone
Microsoft едноставно не успеа да го размрда пазарот на мобилни телефони со своите Windows Phone уреди во 2010 година. Овој оперативен систем се обиде да биде поинаков и понеобичен со своите прозорци „tiles“, но сето тоа не им се допадна на корисниците, па сега имаме Android и iOS.

Fire Phone
Таблетите Amazon Fire се многу популарни како евтина опција за сите оние кои би сакале да гледаат вести и YouTube на малку поголем екран, а не би сакале да трошат премногу пари за тоа. Компанијата се обиде да го стори истото со Fire Phone во 2014 година, но не успеа. Лошата батерија, лошиот екран и недостатокот на функционалност на која се навикнати корисниците го осудија овој уред.

Google+
Ах, оние раните социјални мрежи на Google. Google+ требаше да биде главната конкуренција на Facebook, но сите знаеме каде е Google+ денес и каде е Facebook (мала помош – веќе не постои). Оваа социјална мрежа понуди неколку интересни функционалности, како што се подобрена контрола врз споделувањето информации и подетална манипулација со фотографии, но беше премногу комплицирана за користење и беше затворена во 2018 година.

Vine
Оваа социјална мрежа имаше револуционерна идеја која подоцна беше преземена од TikTok во изменета форма и направи сензација. Vine го ограничи времетраењето на видео клиповите на 6,5 секунди, но нешто таму едноставно не кликна кај публиката, па оваа мрежа беше затворена во 2016 година.

LeEco
Оваа компанија се појави како еден од првите кинески производители на мобилни телефони (покрај Huawei) кој постигна поголем успех на пазарот. Сепак, по неуспешните обиди да го купи производителот на телевизори Vizio, компанијата едноставно немаше визија и остана без пари за финансирање на своите проекти во текот на 2018 година.

Samsung Galaxy Note 7
„You were the chosen one“ извикуваа ентузијастите на Samsung додека Note 7 ми експлодираше во лице. Драматизација, се разбира, но овој уред е познат по својата тенденција да се запали поради проблеми со батеријата. Штета што сите други карактеристики беа во негова корист во 2016 година.

Дали се согласувате со овој избор? Дали би додале или отстраниле нешто од листата на избори на најголемите неуспеси на ИТ индустријата?
Извор: thenextweb
Хороскоп
Хороскоп за петок (21 ноември)
ОВЕН
Денес може да донесете конечна одлука за вашата деловна иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате се поосамено иако сте во врска и не сте задоволни од односот со партнерот. Нервниот систем ви е чувствителен.
БИК
Премногу се потпирате на други луѓе и не ви е лесно некои обврски да ги преземете и сами да ги завршите. Ќе запознаете личност која во вас ќе ја разбуди љубопитноста, но и чувството за несигурност и страв. Ве мачат хронични проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Финансиските пресврти ви внесуваат многу стрес и тензии и се чуствувате како тлото под нозете да ви се поместува. Можеби ќе имате проблеми во љубовната врска поради партнерот кој е неискрен кон вас. Избегнувајте алкохол.
РАК
Многу е веројатно дека ќе мора да промените некои нешта на деловно поле во наредниот период. Сфаќате дека вашиот партнер сака да му бидете максимално посветени и неговата посесивност ви пречи. Проблеми со уринарниот тракт.
ЛАВ
Дојде време да се посветите на проширувањето на вашиот бизнис и некои работи да ги менувате на подобро. Свесни сте колку маани има вашиот партнер и го прифаќате без разлика на сѐ бидејќи го сакате. Проблеми со хроничен умор.
ДЕВИЦА
Можеби ќе правите поголеми грешки кога станува збор за работата и ќе ви биде потребно многу време да ги исправите. Ве очекува поволен ден за почеток на врска со вашата симпатија. Можна е главоболка.
ВАГА
Вие не сакате да се прилагодувате кон другите и да барате најдобро можно решение за сите. Вашата врска со саканата личност полека доаѓа до неповолна фаза и ви се јавуваат нови проблеми. Здравјето е во ред.
ШКОРПИЈА
Можеби долго време чекате да ви се оствари некој деловен проект кој ќе донесе подобрување на финансиите. Моментално љубовта не ви е на прво место и веќе сте сконцентрирани на некои други нешта. Проблеми со бубрезите.
СТРЕЛЕЦ
Исфрустрирани сте поради однесувањето на соработниците и на деловно поле ве следат многу проблеми. Многу ви е убаво со моменталниот партнер и се чувствувате добро кога поминувате време заедно. Склоност кон проблеми со органите за варење.
ЈАРЕЦ
Ќе имате повеќе слободно време во текот на денешниот ден бидејќи ве очекуваат многубројни обврски. Сѐ посигурни сте дека покрај моменталниот партнер сакате да остварите стабилност на љубовно поле. Можни се проблеми со алергии.
ВОДОЛИЈА
Можеби ќе избрзате со некоја одлука на деловно поле и подоцна да се каете за тоа. Денешниот ден е поволен за љубов. Пред вас се некои убави промени. Склони сте кон настинки.
РИБИ
Ако сте имале кавга со некој од колективот сега ве очекува можност да најдете компромис. Убаво се сложувате со саканата личност и уживате во моментите поминати заедно. Можни се проблеми со притисокот.
Здравје и убавина
Ова е најдоброто време за ручек
Според резултатите едно поодамнешно истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, за поуспешно намалување на телесната тежина препорачливо е барем еден од дневните оброци да се консумира пред 15 часот.
Објаснувањето лежи во нашите циркадијални ритми внатрешниот биолошки часовник кој го регулира чувството на глад. Кога јадеме доцна, организмот потешко ги преработува калориите, што може да влијае на таложење масни наслаги.
Со други зборови, ако постојано чекате да почувствувате силен глад, помалку е веројатно да посегнете по здрав оброк, а многу поверојатно е да посегнете по чоколадо или некакви грицки.
Сепак, дали ручекот пред 15 часот гарантира успешно слабеење? Не. Балансирана исхрана и редовна физичка активност и понатаму остануваат клучните фактори.
Но, корисно е да се има на ум уште еден мал трик кој може дополнително да помогне на тој пат.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (20 ноември)
ОВЕН
За да го привлече вашето внимание, некој упорно ќе ги извртува работите надвор од контекст. Ако нешто ви изгледа чудно или сомнително, проверете ги информациите со одење директно до нивниот извор. Многумина периодов ќе се најдат пред интересна можност да ја подобрат својата финансиска состојба. Викендот е поволен и за решавање на правни прашања.
БИК
Овие дена ќе бидете многу забавни и способни кога станува збор за комуникација со различни луѓе. Ќе имате многу динамичен пристап и со вашите широки погледи на светот сигурно ќе го привлечете вниманието на луѓето од околината како и поддршката. И покрај сето ова, постапете сериозно доколку се најдете во преговори, не се согласувајте со првата понуда.
БЛИЗНАЦИ
Време е да ги имплементирате вашите идеи. Ако одлучите да одолговлекувате, некој ќе ви се заканува и на крајот ќе ги собере сите заслуги. Сите ваши искуства од минатото ќе ви се исплатат, затоа не плашете се од нови предизвици или мислите дека нема да можете да се справите со нешто. Многумина ќе добијат нова деловна можност која ќе донесе многу подобра иднина со текот на времето.
РАК
Не дозволувајте да преовладуваат емоциите, бидете разумни и земете ги во предвид сите факти за да можете да ја донесете најдобрата можна одлука. Не смеете да дозволите блиските луѓе да ве убедат во друга насока од планираната. Постарите членови на семејството и пријателите се тие кои ќе ви создаваат проблеми. Бидете искрени, но не откривајте сè.
ЛАВ
Грижите може да создадат различни ситуации кои вклучуваат проблеми со постарите членови на семејството, децата или институциите. Кога станува збор за партнерства, без разлика за кое поле на живот станува збор, посветете им доволно внимание. Ако врската не е еднаква, променете ги основните правила или бидете подготвени да продолжите понатаму.
ДЕВИЦА
Многумина од вас викендов ќе размислуваат дали да откријат сè или сепак да ги задржат работите за себе. Договорите за пари може да пропаднат ако одлучите да прибегнете кон лаги или свесно да манипулирате со некого. Фокусирајте се на нови познанства, но и на ситуации кои се нови и би можеле да ви донесат солидна можност за дополнителен приход.
ВАГА
Сфатете ја вашата работа посериозно, особено ако таа вклучува креативност, рекламирање и промоција. Време е да се дружите што е можно повеќе и да се фокусирате на завршување на различните преговори. Не дозволувајте приватните проблеми да ви ги нарушат деловните планови, подгответе се за критики во кои ќе дадете до знаење дека немате намера да се откажете.
ШКОРПИЈА
Слободно размислете за пократко патување, ново хоби или забавни настани кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и малку да уживате, но не трошете премногу пари на тоа. Оние од вас кои викендов сте во љубовна врска со постара личност ќе најдете нов извор на задоволство. Можете да научите многу од помудрите колеги.
СТРЕЛЕЦ
Поминете уште малку време со луѓето што ги сакате и за кои се грижите. Ако изненадите некого со подарок или предлог што ви изгледа како добар компромис, за возврат ќе добиете одлични повратни информации, како и одредена услуга. Бидете имагинативни и ќе го привлечете вниманието кон себе на деловното поле.
ЈАРЕЦ
Слободно испланирајте го своето патување, освен што ќе внесете нови промени во вашиот живот, ќе уживате и во промената на околината. Сè што не ви е јасно, задолжително преиспитајте се периодов, инаку би можеле да се најдете во ситуација која е многу неблагодарна, но за која ќе бидете виновни. Не им верувајте на оние што претходно не сте ги имале.
ВОДОЛИЈА
Ако работите на нешто што го сметате за многу важно, споделете го со личност за која мислите дека може да придонесе. Личност од минатото сега може да ви го обезбеди токму она што ви недостасува, но имајте на ум како тоа ќе има цена. Ако не сте имале пријателски однос во минатото, подгответе се да работите на тоа сега.
РИБИ
Не дозволувајте вашите емоции да ве окупираат до тој степен што да игнорирате сè друго. Бидете искрени со себе, а потоа и со другите, бидејќи само така ситуацијата ќе излезе во ваша корист. Многумина од вас овие дена ќе најдат доволно сила да се ослободат од старите пороци или луѓето кои се поголем товар врз нив. Бидете храбри и ќе бидете горди на себе.
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево19 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево1 ден„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Македонија13 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Хороскоп6 часаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Временска прогноза2 денаДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
-
Македонија1 денЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
