Свет
Најмалку 35 лица загинаа во судир на два брза воза во Пакистан

Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени рано утрово во судир на два брзи воза на југот на Пакистан, објавија властите, пренесува Танјуг.
Најмалку 50 повредени се пренесени во болницата, а некои од нив се во критична состојба, пренесува АП.
Помеѓу 15 и 20 патници сè уште се заробени во остатоците, пренесува АП.
Како што се наведува, еден воз излетал од шините, а наскоро и друг воз удрил во него. Причините за несреќата сè уште не се познати.
Машиновозачот кој удрил во возот кој излетал од шините, изјавил дека со сите сили се обидел да ја избегне несреќата со сопирање, но не успеал во тоа.
Пакистанскиот министер за железници Азам Свати се упати кон местото на несреќата, а премиерот Имран Кан изрази жалење за несреќата и нареди истрага.
Железничките службеници рекоа дека во возовите има околу 1.100 патници, а армијата исто така се занимава со обезбедување помош на преживеаните и извлекување на погребаните
Железнички несреќи се чести во Пакистан, поради лошо одржуваниот систем за сигнализација и застарените железници.
Свет
Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.
Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.
Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.
Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.
Извор: phys.org
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
Свет
(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.
Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.
Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.
Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.
🚨𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A car has crashed into celebrating Liverpool fans at the trophy parade I have no words! pic.twitter.com/iW4EpOsWat
— Football Hub (@FootbalIhub) May 26, 2025
– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.
– „Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Македонија21 час
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје17 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија1 ден
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден