Следете не

Занимливости

Најмногу казни за брзо возење добиваат возачите на „Јапонски модели“ на автомобили

Објавено пред

на

Американската веб-компанија „Insurify“, која се занимава со споредби на автомобилско осигурување, ги анализираше податоците за пребрзо возење во однос на 393 модели на возила и ги утврди возачите чии автомобили имаат „најтешка нога“ на гас.

Моделот што најчесто се казнува за возење со голема брзина во САД е Subaru WRX трета година по ред. Уште поинтересен е фактот дека Subaru трипати се појавува на топ 10 листата, со своите три модели – WRX, BRZ и Impreza.

Според податоците, 18,8% од возачите на WRX имаат барем еден билет за брзо возење, што не е споредливо со државниот просек од 9,59 проценти, пренесува N1.

Групата Hyundai исто така е многу добро застапена на листата – во првите 10 се појавуваат Hyundai Genesis Coupe (17,72%) и Kia Stinger (16,58%) и Hyundai Veloster (14,65%).

Volkswagen Golf GTI исто така го најде своето место на листата, иако очекувавме подобро со осмото место и 14,95 проценти.

„Insurify“ забележува дека малопродажните цени на сите овие автомобили се пониски од националниот просек од 41.044 американски долари, што може да го објасни поголемиот број казни со фактот дека едноставно има повеќе од нив на улица.

Извор: Српска Нова
Фото: Garvin St. Villier

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Mae Dulay @ unsplash Фото: Mae Dulay @ unsplash
Автомобили18 минути

Како да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите

Редовната проверка и одржување на правилниот притисок во гумите во текот на зимскиот период е една од најбрзите, најевтините и...

Фото: Nabeel Syed @ unsplash Фото: Nabeel Syed @ unsplash
Автомобили20 минути

Регистрациите на нови автомобили во ЕУ пораснаа за 5,8% во октомври: Еве кои се најсилните пазари

Шпанија предничи со рекордeн раст на електрични возила од 90,1% Во Европската Унија во октомври биле регистрирани 916.609 нови патнички...

Фото: Charles Chen @ unsplash Фото: Charles Chen @ unsplash
Магазин27 минути

Рецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи

Овие мини пици се вистинска класика – идеални за гости, прослави, родендени или брза ужина. Ги сакаат и деца и...

Фото: Damian Kamp @ unsplash Фото: Damian Kamp @ unsplash
Lifestyle33 минути

5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис

Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде...

Фото: Adarsh Chauhan @ unsplash Фото: Adarsh Chauhan @ unsplash
Магазин41 минута

Зошто вештачката интелигенција сè уште не е сигурна замена за Google

Сè повеќе луѓе користат ChatGPT и други алатки со вештачка интелигенција како замена за Google. Истовремено, самите пребарувачи веќе вградуваат...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин43 минути

Amazon гради AI-инфраструктура вредна 50 милијарди долари за американската влада: Еве што ќе прави

Amazon Web Services (AWS) инвестира 50 милијарди долари во изградба на нова инфраструктура за вештачка интелигенција, наменета исклучиво за институциите...

Кичево3 часа

„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина

Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме...

Македонија4 часа

(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење

Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (25 ноември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 ден

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на...

НАЈЧИТАНИ