Кичево
Најмногу санкции за брзина за возачи од Кичево и Охрид, додека две жени биле нападнати од кучиња скитници

На 08 и 09.12.2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 55 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале со поголема брзина од дозволената (Охрид-21, Струга-13, Кичево-21) и 22 возачи што ја пречекориле дозволената брзина, надвор од населено место (Охрид-09, Дебар-13).
Полициските службеници во Охрид затекнаа и од сообраќај исклучија едно лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, а во Дебар санкционирано е едно лице, поради бесправно управување на моторно возило.
На 09.12.2021 година,, С.С. (61) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на улицата „Мирка Настеска“ во Кичево била касната од куче скитник.
Истиот ден, С.Ј.(56) пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево била касната од куче скитник, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 август)
-
Хороскоп18 часа
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија20 часа
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Lifestyle17 часа
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Временска прогноза4 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија3 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“