Временска прогноза
Најнова метео анализа, од вторник промена на времето
Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утре ветерот ќе биде од северозападен правец и особено Долж Повардарието повремено ќе биде со засилен интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени, вели нашиот мете прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски за порталот Еспресо.мк во текот на утрешната ноќ, како и во вторник особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег, особено во северните предели, додека на некои пониски места ќе има услови за проврнување на дожд и на снег.
Во среда пак и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно и суво. Потоа нови врнежи од дожд и од снег се очекуваат во четврток попладне и во петок.
Временска прогноза
Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините
Голема температурна инверзија имаме и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.
Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла секако има и во Скопската котлина, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион
Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.
Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина и кичевскиот регион.
Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.
Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.
И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.
Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.
Временска прогноза
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.
Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.
Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.
Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија21 час
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи17 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Спорт2 дена
ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија
-
Македонија6 часа
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!