Следете не

Временска прогноза

Најнова викенд временска прогноза

Објавено пред

на

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени. Исклучок ќе биде утрешниот ден, како и следната среда коа ќе има услови за локална појава на попладневна нестабилност.

И во Скопскиот регион времето ќе се задржи сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со температури до околу 40 степени. Мали се условите за попладневна локална нестабилност во текот на утрешниот ден. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради екстремно високите температури на воздухот, внимавајте како се однесувате со природата. Можна е појава на шумски пожари! – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување  и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат  и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.

Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста  и за појава на краткотрајно невреме.

И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Pedro Romero

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.

– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / marckleen

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle7 часа

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања...

Lifestyle7 часа

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата...

Македонија7 часа

Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција...

Македонија8 часа

МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56)...

Скопје9 часа

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за понеделник (19 мај)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Здравје и убавина22 часа

Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во...

Македонија1 ден

АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови

АД Мепсо истакна соопштение за прекинот на електрична енергија кој ја парализира буквално скоро цела држава. – Причина за овој...

НАЈЧИТАНИ