Временска прогноза
Најновата метео анализа истакнува локални врнежи од дожд?

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд

Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.
Сепак поради продор на малку поладен воздух од север на висина, во Македонија ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели каде е можна и појава на краткотрајно невреме.
Во понеделник пак (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град. Во Скопје и околината исто така во понеделник попладне (18 август) ќе биде нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град.
Температурите како што кажав остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата исто така ќе надминува 35 степени.
Поради топлиот бран од Африка и многу високите температури на воздухот апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.
Временска прогноза
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.
Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во земјата, информира Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза23 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Македонија16 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило