Следете не

Временска прогноза

Најнови метео вести, викендов дестабилизација на времето..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа од утре попладне па натаму времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Поинтензивни врнежи ќе има во сабота, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. за време на викендот врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места.

Известува Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк

Временска прогноза

На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

Оваа недела не чека претежно стабилно и суво време со голем пораст на температурите, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Славчо Попоски. Се очекуваат температури насекаде низ Македонија да надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, потенцира метеопрогнозерот.

Попоски додава дека исто така се очекува и висок УВ индекс, па затоа граѓаните да пијат повеќе течности во текот на жешките денови пред нас.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Објавено пред

на

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденцја на значителен и брз пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека утре попладне има услови за краткотрајна и локална нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 37 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилност, а има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите како што веќе и претходно кажавме ќе бележат тенденција на ОПАЃАЊЕ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

НАПОМЕНА: Сето ова е поради влажната и нестабилна воздушна маса која од запад ќе ја зафати Македонија. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Стабилизација на времето и постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму. НАПОМЕНА: Викендов во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер препорачуваме своите автомобили да не ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle3 часа

Моторџиите и оваа година ќе го одбележат 8-ми септември ден на „Независноста на Македонија“ по триесет и првиот пат со мото турнеа

Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на „Независноста на Македонија“ кој не престана да...

Македонија3 часа

МВР и РСБСП денес беа помеѓу граѓаните на автопатот „Пријателство“ и реализираа превентивна акција „Вози одморен“

Денеска на автопатот „Пријателство“, на првата наплатна рампа до граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност...

Автомобили4 часа

Дали е ова иднината? Податоците од инструмент таблата ќе бидат проектирани на патот ВИДЕО

Ford би го отстранил главниот дисплеј, па возачот нема да мора да го приспособува својот вид на различни растојанија бидејќи...

Автомобили4 часа

Електричните автомобили стануваат поскапи од оние со класичен мотор

Додека инфлацијата во Германија е невообичаено висока, новите електрични автомобили поскапуваат побрзо од оние со мотори со внатрешно согорување, покажа...

Кичево4 часа

GIG OFF оваа сабота во Република 96250

Повелете на извонредна Rock & Roll забава со легендарниот Сашо Гигов Гиш и неговиот бенд Gig Off. Оваа сабота –...

Магазин5 часа

Android 13 е тука, погледнете што има ново

Android 13 носи бројни визуелни промени, но и значителни подобрувања во приватноста. Моментално е достапен за телефоните на Google Pixel,...

Магазин5 часа

Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone

Рекламите досега беа прикажани во апликациите App Store, News и Stocks, а се чини дека Apple планира да ги прошири...

Магазин5 часа

Џиновската ракета на НАСА ќе тргне на својата прва мисија кон месечината

За мисијата на 29 август, наречена Artemis 1, капсулата Orion ќе се лансира на врвот на беспилотниот Space Launch System...

Магазин6 часа

AMD ќе ги претстави своите Ryzen 7000 десктоп процесори на 29 август

Настанот во живо ќе сподели повеќе информации за првите Zen 4 процесори. Нема да морате да чекате уште многу за...

Автомобили6 часа

Гигафабриката на Tesla во Шангај произведе милион автомобили

Tesla има произведено преку 3 милиони електрични возила до денес. Фабриката во Кина е од витално значење Затворањето на фабриките...

НАЈЧИТАНИ