Кичево
(ФОТО) На среќата и нема крај, г-ѓа Милица од Кичево на 93 години се избори со Ковид-19, благодарност до сите медицински лица..

И не е се така сиво, денеска од Ковид центарот на Општата Болница – Кичево беше испишана најстарата пациентка г-ѓа Милица Илијоска родена 1927 година, на свои 93 години се избори со опасниот Ковид-19. Доказ за почитување на лекарства, нега и борба за живот, доведе до најсреќниот момент во нејзиниот живот – да се врати конечно дома, здрава и жива.
Преку нашиот сервис ги пренесуваме сите позитивности и благодарности од нејзината ќерка и внука до целиот медицински персонал, почнувајќи од Д-р Станко Трпески, сите доктори, медицински сестри, негуватели до хигиеничарки за здравствената нега и заштита која била пружена за време на нејзината хоспитализација.
Да си помогнеме и да ги пофалиме медицинските лица кои биле и ќе бидат први на удар, без разлика дали станува збор за пандемија или други случувања, затоа што еден ден по пат на природа сите ќе завршиме некогаш таму, покасно или подоцна. Инфраструктурно се надоградува, но ведрината и позитивната енергија на медицинскиот персонал е друга работа, затоа и од наше лично име бидејќи бевме и ние сведоци на прекрасен персонал д-р Маја, д-р Љупче и останатите медицински лица кои исто така покажаа голема професионалност во гинеколошкото одделение, како и одделот за брза помош, јавно упатуваме благодарност!
Со ❤️ и почит.
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Занимливости24 часа
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Временска прогноза23 часа
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите