Следете не

Lifestyle

Највисокиот замок на песок во светот направен во Данска

Објавено пред

на

Shutterstock/DVY

Овој замок од песок е висок 21,16 метри и ќе се најде во Гинисовата книга на рекорди.

Неодамна заврши фестивалот на замоци од песок во данскиот град Блокус, а победата ја освои замокот за кој беа потребни 4,8 тони песок.

Со својата висина од 21,16 метри, овој замок го сруши претходниот рекорд, кој го држеше замок од песок во Германија, висок 17,66 метри.

Освен што постави нов рекорд, неверојатен факт е дека 30 уметници учествуваа во неговото создавање. Тим уметници работи на резба и на најсложените форми.

За да имаат стабилна основа при резба на замокот, уметниците користеле дрвена конструкција, а по завршувањето на фестивалот, замокот бил покриен со слој лепак за да може да ги издржи зимските услови.

Lifestyle

Кичевска компанија генерален застапник за најпознатите козметички производи од „Cream Team“, купувајте онлајн по екстра цени!

Објавено пред

на

Ексклузивно за прв пат во нашата држава може да ги купите познатите грчки козметички производи од компанијата „Cream Team“ претставувани преку генереланите застапници за нашата држава „Cream Team MK“ (РИГО-М ДООЕЛ КИЧЕВО), со седиште и локација во Кичево.

Cream Team“ е компанија која што е основана во 2000-та година во Солун, за производство и продажба на декоративна и препаративна козметика. Компанијата има ексклузивни соработки со Кипар, Русија, Западна и Централна Европа и Африка.

За прв пат е направен договор за деловна соработка со компанијата „РИГО-М ДООЕЛ Кичево“ за увоз на овие производи кај нас. Компанијата поседува сопствен производствен капацитет кој е на површина од 5000 м2 низ територијата во Грција.

Сопственото производство овоможува високо квалитетни производи и цени кои што се достапни за сите потрошувачи. Целта на компанијата е квалитетот пред цената. „Cream Team“ преку нашата компанија во овој момент во продажба има 3(три) брендови, а тоа се:

„Beauty Line Cosmetics“ – претставена со најразлични производи за широка потрошувачка-сенки за очи, руменила, кармини, Мат кармини, сјаеви за усни, лакови за нокти и слично. Овој бренд е исто така познат и по високиот квалитет на парфимирани креми за тело, креми за раце, креми за лице, креми за нозе и слично.

Вториот бренд кој што е во продажба е „KISS KISS“ брендот кој што нуди лакови за нокти во широка палета на бои и 60” сушење.

И третиот е „WIBO“ брендот кој ви нуди широк избор на палети сенки.  Во иднина во соработка со нашиот портал ви најавуваат уште поголем избор на брендови и најразични производи.

Производите се достапни на официјалната fb страница ТУКА и instagram бизнис профил ТУКА, каде што може да ги прегледате сите прозиводи и да направите избор од истите.

Нарачка може да се направи преку порака преку горенаведените online страници, достапниот телефонски број за контакт објавен на страниците или во седиштето на фирмата РИГО-М ДООЕЛ Кичево, на следната локација ТУКА.

Заследете ги страници на социјалните мрежи и уверете се во ексклузивниот квалитет на „Cream Team“ по одлични и пристапни цени!

Прочитај повеќе...

Lifestyle

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Објавено пред

на

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас.

Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат со момчињата од познатите „Скандал Састав“, додека за саботната атмосфера задолжен ќе биде Зоран Илиев кој за прв пат ќе настапи пред кичевската публика и ќе ги испее најубавите хитови во живо.

Бидете дел и резервирајте на време на 076/223-007, бидејќи местата се во ограничен збор според последните Ковид-19 протоколи

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Утрински навики на луѓе кои живеат најдолго

Објавено пред

на

Дали знаевте дека во некои делови на светот луѓето живеат подолго? Овие области се нарекуваат сини зони. Ова име за првпат го користел авторот Ден Бутнер, кој во своето истражување ги означил таквите области на картата со сини кругови.

Жителите на сините зони често живеат до 90 и дури 100 години. Покрај долг животен век, тие се карактеризираат и со добра физичка форма, како и ментално здравје. Некои од овие области се островот Икарија во Грција, Калифорнија во Соединетите држави, Окинава во Јапонија, полуостровот Никоја во Костарика и Сардинија во Италија.

По долгогодишно истражување на овие области, Бутнер заклучи дека сите жители имаат две заеднички работи: добри здравствени навики и социјална вклученост.

Процесот на стареење не може да се запре, но ова се начини на кои можете да придонесете за подолг живот.

Пијте кафе или чај

Луѓето во сините зони пијат до три шолји кафе наутро. Како што одминува денот, тие преминуваат на чај, а по пет часот попладне на вино. Покрај тоа што помага да се одржи телесната тежина, кафето и чајот го снабдуваат телото со хранливи материи кои го забавуваат стареењето и помагаат да се намали ризикот од хронични заболувања. Пиењето на овие пијалоци се прави во друштво, што изгледа катарзично и релаксирачки.

Појадокот е задолжителен

Не јадеме ниту пиеме во текот на ноќта, па затоа сме гладни и жедни наутро, дури и ако тоа не го чувствуваме. На нашето тело му треба вода за да ги започне своите процеси, затоа чаша вода треба да биде првото нешто што ќе го внесете веднаш штом ќе се разбудите. Јадеме „гориво“ за да го започнеме денот и утринскиот оброк треба да биде обилен и разновиден.

Утринска рутина против стрес

Луѓето во сините зони спијат кога спијат и се будат без будилник. Така, тие го избегнуваат стресот, кој се смета за тивок убиец и прави значителна штета на нашето тело. Воспоставувањето утринска рутина ни помага да бидеме поуспешни и поефикасни, и многу успешни луѓе тврдат дека се будат пред пет наутро и не чувствуваат стрес. Некои истражувања, исто така, покажаа дека луѓето наутро живеат подолго од оние кои имаат навика да бидат будни до доцна и да спијат до утрото.

Спијте доволно

Ноќните птици обично не си дозволуваат доволно спиење, имајќи предвид дека на возрасно лице му требаат најмалку шест, и идеално осум часа дневно. Исклучете ги екраните пред спиење, оставете да ве разбуди природната утринска светлина и избегнувајте прекумерна физичка активност пред спиење.

Извор: Nova
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 1 час

Дневен Хороскоп (6 декември) – понеделник

ОВЕН Не дозволувајте луѓето кои се силни на зборови да ве измамат. Денеска ќе можете да процените што е добра...

КичевоПред 10 часа

ОВР Кичево: Двајца настрадани од кучиња скитници и детали за акцискта за алкохол ноќеска

На 04/05.12.2021 во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид акциска контрола за управување возило под...

Временска прогнозаПред 11 часа

Доаѓа голем влажен бран кој носи дожд и снег, ова се најновите детали…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба...

Мобилни уредиПред 11 часа

Ажурирајте ги поставките на приватност „Андроид“

Корисниците на Android се предупредени да ги проверат поставките за приватност на телефонот откако новото ажурирање би можело да ги...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден: 5 декември

1443.- Роден е Џулијано дела, италијански свештеник, папата Јулиј II (1503-1513), најголемиот покровител на уметноста меѓу римокатоличките водачи. Тој го...

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (5 декември) – недела

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

КичевоПред 1 ден

Кичево вчера: Нападнати полицајци, нападната невенчана сопруга и тепачка помеѓу две жени

На 04.12.2021 година во ОВР Кичево лишени се од слобода А.М.(38) и П.М.(38), двајцата од селото Лазаровци. Тие, на улицата...

МакедонијаПред 1 ден

Денешен Ковид-19 биланс, нови 342 случаи..

Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 135...

КичевоПред 1 ден

Ноќеска во Кичево пријавен неуспешен обид за опожарување на стан

На 04.12.2021 година околу 02:00 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на ул.„11 септември“...

ТехнологијаПред 1 ден

Сигурно ве интересира која земја е рангирана со најспор интернет на планетата?

Туркменистан е рангирана како земја со најбавен интернет во светот, а на корисниците им треба речиси цел ден да го...

НАЈЧИТАНИ