Македонија
Намалена видливост поради магла на патниот правец Катланово-Велес
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м има на патниот правец Катланово – Велес.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, предмалку информираат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Кичево9 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Македонија22 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп21 часХороскоп за среда (12 ноември)
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија1 денПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
-
Магазин1 денКако да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов
