Магазин
НАСА ги поправи дефектите, очекуваме уште еден обид за лансирање на Artemis 1

На крајот на август годинава се случи првиот неуспешен обид за лансирање на вселенското летало Artemis 1 поради проблеми со имплементацијата и употребата на погонско гориво. После тоа, уште едно неуспешно лансирање се случи на 3 септември, само неколку дена пред лансирањето. Сепак, според Endgadget, проблемите се чини дека се поправени и закажано е ново лансирање.
Решени проблеми
Откако ги реши проблемите откриени за време на претходните обиди да го испрати вселенското летало Artemis 1 на пат кон Месечината, НАСА успешно го тестираше додавањето на разладено гориво во почетниот систем за лансирање. Воочениот проблем предизвика создавање на прекумерен притисок што се појави во линиите за снабдување со гориво на моторот, што доведе до истекување на водород и неопходност од одложување на лансирањето поради закана по животот на екипажот.
Со цел да се отстрани овој проблем, тим од инженери од НАСА ја приспособи процедурата за полнење на ракетните мотори со гориво со забавување на брзината на промена на внатрешните температури и притисок и со тоа спречување на појава на прекумерно „истекување“ на водород. Дополнително, заменети се и „пломбите“ откако забележале мало слегнување што најверојатно придонело за создавање погодна ситуација за истекување на водород. Во овој момент, нивото на истекување на водород е доведено во нормални граници и доколку се случи за време на лансирањето не треба да доведе до несакани последици и уште едно откажување.
Нов датум
Откако беа направени сите тестови, директорот на програмата за лансирање Чарли Блеквел-Томсон рече дека тестовите поминале „многу добро“ и дека тимот можел да ги исполни сите цели што ги поставиле. Останува НАСА да ги испита сите добиени резултати за да одлучи дали ќе може да го подготви Artemis 1 за предложениот датум за повторно лансирање на 27 септември.
Хороскоп
Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН
Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што правите за другите. Можеби ќе имате поголемо позитивно влијание врз нив ако внимавате на вашите зборови и дејствија. Можни се некои ранливи разговори кои ќе ги разбудат вашите чувства. Ќе мора да биде искажано извинување. Кога е во прашање здравјето и благосостојбата, балансот е клучот. Во вашата кариера започнува нов циклус кој носи големи победи.
БИК
Ако изминатиов период сте биле преморени од работата и социјалниот живот, овој месец конечно настапува баланс. Вашата креативна енергија ќе биде на највисоко ниво, ќе започнувате нови проекти со полна пареа а ќе имате време и да се посветите на некое хоби и да го искористите максимумот од вашите таленти. Тоа ќе делува терапевтски врз вас. Во меѓувеме обидете се да направите баланс и во вашата исхрана. Внимавајте на комуникацијата со партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Овој месец ве очекува голем пресврт кога се во прашање вашите вештини, работа и обврски во секојдневието. Стресот може да е позиразен но времето поминато во домот и со оние кои ви значат ќе го намали. Обидете се да го направите вашиот животен простор попријатен за вас, тоа ќе ви помогне полесно да се справувате со стресот. Овој месец пристинува зелено светло а тоа ќе ви донесе многу задоволства и среќни мигови. Романтичното поле полека се загрева.
РАК
Овој месец ќе ви донесе можност да станете свесни колку сте мудри и колку големи таленти поседувате. Не само што ќе ви помогне да се прифатите себеси туку и ќе ве поттикне да се борите повеќе за местото кое го заслужувате. Нема да се задржувате онаму каде што нема да сте ценети, ќе имате голем број опции. Поседувате неопходен шарм да успеете во се што ќе замислите. Внимавајте на непријатни моменти со некој поранешен партнер.
ЛАВ
Можеби нема секогаш да имате можност да го имате последниот збор, но апсолутно треба да се исправите и да застаните позади нештата во кои верувате. Ако постои нешто за кое сте молчеле долго време, овој месец ви е идеална можност конечно да прозборите за тоа, можно е да се работи за некој проблем во семејството или блиската околина. Ќе треба да се извините за некои нешта кои сте ги рекле во минатото. Финансиите се подобруваат. Големите идеи треба да бидат разгледани подобро.
ДЕВИЦА
Овој месец конечно ќе станете свесни за вашата вредност. Вашите несигурности полека ќе ве одминуваат. Ќе почнете да се сакате себеси и никој нема да може да ги искористи вашите несигурности против вас. Овој месец е добар период за да инвестирате во нештата кои прават да се чувствувате добро однадвор и одвнатре. Бидете повнимателни со вашите зборови и финансии.
ВАГА
Овој месец ќе дојдете до сознание дека е подобро да бидете сами и да го правите она кое ве исполнува отколку да бидете опкружени со многу луѓе кои не ве сфаќаат сериозно и ве земаат „здраво-за-готово“. Октомври ви донесува зелено светло за вашите планови, конечно се ќе оди како што сте посакувале. Некоја можност за која сте сметале дека сте ја пропуштиле се враќа повторно назад а тоа ќе направи да бликате од среќа. Внимавајте на вашите финансии.
ШКОРПИЈА
Овој месец ќе морате да престаните толку опсесивно да размислувате за нештата кои не ве засегаат премногу. Практикувате објективност и тоа ќе ве спаси од непреспиени ноќи и главоболки. Доколку имате нешто кое сакате да му го кажете на другите направете го тоа, исто така и доколку имате некои прашања најдобро е да разговарате за нив отколку да донесувате претпоставки. Бидете малку похрабри при донесувањето на деловни одлуки. Вербата ќе ве однесе до успехот.
СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да се посветите на долгорочните планови повеќе од тоа што можете да постигнете во моментот, но ќе морате да чекорите внимателно и со мали чекори затоа што успехот не се остварува преку ноќ. Некои нешта не доаѓаат толку лесно и морате да се навикнете на тоа. Патот кон целта полека ќе ви биде осветлен. Избегнувајте озборувања и фокусирајте се на вашите цели. Вашиот напорен труд ќе се исплати.
ЈАРЕЦ
Потпрете се на другите, овој месец не постои нешто кое не можете да го остварите а сите околу вас ќе бидат среќни да ви помогнат во тоа. Бидете внимателни со вашите зборови кога се во прашање пријателствата, можно е да бидете премногу директни. Октомври ви носи одлична можност за напредок, бидете самоуверени и прифатете ги сите предизвици.
ВОДОЛИЈА
Овој месец многу лесно ќе се впуштате во непријатности, драма и конфликти поради брзината на вашиот јазик. Бидете повнимателни и размислете два пати пред да изговорите нешто. Ќе откриете дека нешто во кое долго време сте верувале и сте се потпирале, не е вистина. Бидете отворени за повеќе гледишта и секогаш проверувајте ги нештата пред да заклучите дали се вистина.
РИБИ
Овој месец ќе морате да истапите од вашата комфорна зона и ќе морате да се отворите кон нови луѓе, вкусови и ќе морате да научите да ги правите некои нешта на поинаков начин кој не е баш типичен за вас. Што се случило во минатото треба да остане таму, насочете се кон иднината затоа што тоа е единствениот начин да ги остварите вашите соништа. Вашата самодоверба е во пораст.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (30 септември)

Овен
Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На работа не оди се баш како што сте замислиле, но обидете се да не се нервирате за работи на кои не можете да влијаете. Стресни сте, најдете начин да се опуштите.
Бик
Некои тајни кои неодамна излегоа на виделина ве вознемируваат, но обидете се повеќе да се фокусирате на иднината, а помалку на минатото. Внимавајте кому верувате бидејќи не секој има добри намери. Врската ви е одлична, партнерот ве поддржува на секој чекор.
Близнаци
Во пријателските односи ве очекува некоја „драма“, а можеби вие сте личноста која би можела да ја смири ситуацијата, само ако останете смирени. Добро ви оди на работа, но не преземајте премногу обврски. Планирајте одмор.
Рак
Парите ви доаѓаат сосема неочекувано, но секогаш имате идеја на што би можеле да ги потрошите. Почестете се со нешто што долго време сакате да го купите, го заслужувате тоа. Внимавајте на вашето однесување бидејќи вашите зборови може ненамерно да доведат до член на семејството.
Лав
Полни сте со ентузијазам и толку сте шармантни денес што никаде нема да останете незабележани. Само пазете се од некој што ви се додворува или ласка на работа, но всушност сака некаква корист од вас. Пијте повеќе вода.
Девица
Ви се смешкаат некои добивки, добар ден за игри на среќа – ѕвездите ви се наклонети! Некои колеги на работа се обидуваат да префрлат дел од својата работа на вас, но застанете во одбрана. Ве очекуваат убави и романтични моменти со партнерот.
Вага
Конечно ќе можете да ги залечите старите рани од претходната врска. Вашата самодоверба расте бидејќи насекаде имате додворувачи, но не брзајте во врската само затоа што не сакате да бидете сами. Бидете повнимателни на вашата исхрана.
Шкорпија
Ве очекува голем успех на работа и конечно почнувате да ја разбирате вашата вредност. Можни се дури и некои нови деловни понуди, размислете добро, консултирајте се и со вашите пријатели. Подгответе убаво изненадување за вашиот партнер.
Стрелец
Можни се мали несогласувања на работа, застанете во одбрана, но внимавајте да не кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Слободни, некоја личност со која сте имале врска во минатото ќе сака да се обидете повторно. Ви треба пауза.
Јарец
Некои луѓе кои ве повредиле во минатото ќе се извинат. Не сте сигурни како да реагирате, но најдобро е да го слушате своето срце. Одлично ви оди на работа, сè завршувате на време.
Водолија
Разговорот со блиска личност ќе ве наведе да ја погледнете ситуацијата што ве мачи од поинаков агол и полесно да најдете решение. Можни се помали финансиски проблеми, погрижете се да не трошите пари на непотребни работи. Добивате неочекувана понуда за патување.
Риби
Денес е ден за одмор или барем што помалку работа бидејќи претходните денови сте се труделе. Направете нешто што ве исполнува, поминете време со пријателите, одете на кратко патување… Од пријателите добивате одлична идеја за некои идни работни места.
Хороскоп
Хороскоп за петок (29 септември)

ОВЕН
Сосема просечен работен ден е пред Овните, па со малку поспоро темпо ќе ги завршат сите работни обврски. Просечен ден ве очекува и кога станува збор за љубовните случувања, што не значи дека треба да бидете пасивни. Можни се стомачни тегоби.
БИК
Многу добар работен ден ги очекува Биковите, па ќе имаат можност на професионален и одговорен начин да ги завршат започнатите обврски. Можна е и нова деловна понуда од некој со кој претходно сте соработувале. Не е поволен ден за отворање некои теми од минатото, обидете се евентуалните несогласувања со драгата личност да ги решите со компромис. Здравјето е одлично.
РАК
Многу добар почеток е пред Раковите, без многу форсирање и со одлично темпо ги завршуваат сите обврски навреме. Убав ден може да очекувате и на љубовно поле, каде што ќе доживеете барем едно пријатно изненадување. Чувајте се од настинки.
ЛАВ
Имате многу обврски, но ги извршувате со успорена динамика. Потрудете се да избегнете недоразбирања со личности кои имаат авторитет врз вас. Многу поволен ден на љубовно поле, доколку сте одлучиле да остварите некои љубовни замисли. Само напред! Здравјето е одлично.
ДЕВИЦА
Имате многу работа, посебно поврзана со сферата на комуникација и организација, каде што се очекува од вас да ги засукате ракавите и да тргнете напред со полна пареа. Позанимавајте се со сопствените приоритети и реално согледајте ја актуелната љубовна ситуација, каде што е извесно дека е потребно да направите почетни чекори кон подобрување на односот. Здравјето е во ред.
ВАГА
Фокусот би требало да ви биде на завршувањето на заостанатите обврски кои се дел од вашиот работен план, за да избегнете потенцијални компликации. Поволни се аспектите за да успеете да остварите барем една љубовна замисла, на обострано задоволство. Уживајте. Здравјето е многу добро.
ШКОРПИЈА
Ќе имате многу ангажмани во текот на денешниот ден. Причини за загриженост и преголемо брзање немате и затоа не дозволувајте другите да ви вршат притисок. Доколку сте задоволни со актуелната љубовна ситуација нема причини за грижи, но доколку сакате нешто да промените послушајте ја својата интуиција. Здравјето е сосема солидно.
СТРЕЛЕЦ
Иако сте соочени со голем број обврски не се обидувајте да завршите сѐ на сите страни, туку своите зацртани обврски да ги распределите на етапи. Ова е одличен ден искрено и со целосно внимание да и се посветите на саканата личност. Уживајте! Болки во грлото.
ЈАРЕЦ
Сѐ оди како што треба, само добро организирајте се и не се оптеретувајте со нереални деловни цели. Без значајни пресврти на љубовно поле во однос на вчерашниот ден. Сѐ би требало да функционира во најдобар ред. Посветете доволно време на одмор.
ВОДОЛИЈА
Иако ве очекуваат обврски на сите страни, нема причина за нервоза, бидете трпеливи и малку подобро организирајте се. Обидете се да избегнете ситни расправии и недоразбирања, не вреди да трошите енергија на работите кои во суштина не се толку важни. Осцилации на крвниот притисок.
РИБИ
Потенцијалните несогласувања со деловните соработници во сегментот на организација и реализација на професионалните 0бврски ќе бараат од вас пофлексибилен пристап без нервози. Не е лош ден за нови познанства, па би било убаво да се потрудите малку повеќе бидејќи не знаете на какво изненадување може да наидете. Слаба циркулација.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Временска прогноза1 ден
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Хороскоп5 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Скопје14 часа
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје2 дена
За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“
-
Македонија20 часа
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
Спорт1 ден
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал