Спорт
Нашата најсилна фудбалска репрезентација на Македонија го „потопи“ Гибралтар, Милевски задоволен од своите момчиња!

Македонската А репрезентација славеше убедлива победа од 4:0 во меч против Гибралтар од 4.коло во Лигата на нации. Фудбалерите на Благоја Милевски одиграа одлично посебно во првиот дел, за само 27. минути, од 4. до 31.минута постигнавме четири голови, започна Барди, продолжи Миовски со два гола, заврши Чурлинов.
Македонија поведе со фантастичниот гол на Енис Барди во 3.минута по велемајсторски слободен удар. Шутираше од 25. метри, прво топката се одби од десната статива на Гибралтар, за да заврши во мрежата.
Само неколку минути подоцна Миовски ја погоди пречката, а тоа како да беше наговестрување за двата гола што тој ги постигна во првиот дел, деби голови. Прво прекрасно со глава го испрати центаршутот на Барди во 15.минута, а потоа во 17.минута од непосредна близина најдобро се снајде за убедливи 3:0.
И покрај тоа што имаме убедливо водство, следуваа нови шанси, супер акции, имвме барем уште 4-5 големи шанси за уште поубедливо водство. А постигнавме само едени тоа на Чурлинов во 31.минута откако Барди и Тодоровски му сервираа идеална ситуација.
Второто полувреме го започнавмесо Етеми, Димоски и Фазлагиќ, ова за нив беше деби настап за Арепрезентацијата на Македонија. Подоцна во игра влезе и Гроздановски, деби настап и за него.
Ние продолживме со напади, но немаше шанси и голови како во првото полувреме. На крај Валон Етеми со фантастичен шут ја погоди стативата.
МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 4:0 (4:0)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Судија: Думитру Мунтеан (МОЛ). Стрелци: Барди 4.,Миовски 15., 17., Чурлинов 31. (МАК). Ж. Картони: Николов (МАК), Лопес, Серџант, Џ. Чиполина (ГИБ).
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Тодороски, Зајков, Серафимов, К. Ристевски, Барди (46. Фазлагиќ), Николов, Елмас (79. Грозданоски), Алиоски (46. Етеми), Чурлинов (46. Димоски), Миовски (64. Дор, Бабунски).
Селектор: Благоја Милевски.
ГИБРАЛТАР: Банда, Лопес, Оливеро, Анесли, Р. Чиполина (60. Серџант), Брито (60/ Џ. Чиполина), Касчијаро (49. Стиш), Вајсман, Валарино (74. Џоли), Ториља (46.Ронан), Вокер.
Селектор: Хулио Рибас.
Спорт
Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ утре на Вимблдон ќе се сретне со Тим ван Ритовен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и Холанѓанецот Тим ван Ритовен утре ќе се сретнат во осминафиналето на Вимблдон, а нивниот меч е поставен како трет во низа на „Централниот терен“.
Тоа практично значи дека сигурно нема да започне пред 18:00 часот, бидејќи во 14:30 часот програмата ќе ја отворат Британката Хедер Вотсон и Германката Жил Нимаер.
Зад нив околу 16 часот на терен ќе бидат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.
Спорт
Само Сејдини од ФФМ не ги заборави спортските новинари за 2-ри јули

Денешниот ден, 2 јули е ден на спортските новинари, кај нас во Македонија, станува професија која е сè повеќе потценета, прекрасна е, но спортските новинари кај нас се во „изумирање“ …
Спортското новинарство е „жртва“ на политиката, кај нас во Македонија има над 30 специјализирани спортски канали, Аренаспорт, Спортклуб и Еуроспорт се емитуваат преку разни ТВ платформи, и ниту еден не е на македонски јазик …
Посебна приказна се националните ТВ куќи, МКРТВ се бори за место „под сонцето“, но ги губи битките со големите и специјализирани спортски канали во конкуренција обезбедување на ТВ права
На претседателот на ФФМ му благодариме што еден од ретките кои се сети на спортските новинари, предводникот на „куќата на фудбалот“ е еден од ретките кои со посебно внимание се однесува кон „седмата сила“, ти БЛАГОДАРИМЕ, пишуваат нашите пријатели од Makfudbal.mk, еден од најдобрите спортски портали во земјава.
Спорт
Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во македонскиот фудбал. ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет ќе се справува со проблемот

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е насочена кон откривање и заштита на еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал – местењето на натпревари. Ризик кој влијае негативно, а зазема се поголема сила во светот на фудбалската игра. Оттука, ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет преку низа кампањи, семинари и предавања ги охрабрува луѓето кои се вклучени фудбалот да зборуваат против местење на натпревари и да ја подигнат свеста преку доверливите платформи за известување на ФФМ, УЕФА и ФИФА.
Во однос на ова прашање, нашата федерација презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари.
Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра.
Сите во фудбалот кои на било каков начин доаѓаат во ситуација поврзана со местењето на натпревари треба да се спротивстават и да пријават каков било пристап со можност да се „намести” натпревар преку доверливи платформи за известување.
Во 2021/2022, Комисијата за безбедност и интегритете при ФФМ организираше десетина едукативни семинари, обуки и предавања за заштита од местење на натпревари. Беа опфатени сите национални репрезентации, како и судиите и контролори во МФЛ.
Целта на предавањата е да им се даде важна информација на фудбалерите, судиите и останатите учесници во фудбалската игра за начинот на кој функционира целиот систем и процес на местење на натпревари, големото негативно влијание врз фудбалот, како и откривањето и превенцијата од него.
– Активностите кои ги реализиравме во оваа насока, ни даваат за право да веруваме дека заедно и конструктивно можеме да ги решаваме предизвиците и дека нашите заеднички предлози и насоките кои ги добиваме од УЕФА и ФИФА во однос на ова прашање, фудбалерите, судиите, но и сите останати кои се поврзани со фудбалската игра, ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Верувам дека со спроведувањето на низата семинари помогнавме разменувајќи искуство и знаење и дека пронајдовме најдобри методи за заштита од местење на натпревари. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество, изјави Роберт Марковиќ од одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево17 часа
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин18 часа
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Македонија14 часа
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Занимливости2 дена
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
Временска прогноза18 часа
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
Временска прогноза2 дена
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите
-
Македонија2 дена
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет