Следете не

Спорт

Нашата репрезентација до 19 години победи против Црна Гора во првиот контролен меч, вториот е закажан за утре

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски “, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0. Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме. Во 54’ пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2:0 беа дело на Фета Бехар во 69’. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;

ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;

Вториот контролен натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11 часот.

Спорт

ФФМ: Место за три екипи за учество во натпреварувањата во Втората Футсал лига за сезона 2021/2022

Објавено пред

на

Пријава за учество во натпреварување во Втора Футсал лига за сезона 2021/2022 за пополнување на три слободни места.

Краен рок за пријавување за учество во Втора Футсал лига е на 15.08.2021 година – објавуваат од ФФМ.

Документацијата за учество може да ја превземете на следниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

На 8 август започнува првата македонска фудбалска лига од новата натпреварувачка сезона, одреден распоред на натпревари

Објавено пред

на

Во „Куќа на фудбалот“ денеска беше одржана ждрепка и одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во ПРВА македонска фудбалска лига.

Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци против Тиквеш. Екипата на Брегалница воведниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против  Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.

Натпреварите од 1. круг ќе се одиграат на 8. август со почеток во 17:30 часот.

Во продолжени распоредот на натпревари до 22. коло, односно до започнувањето на третиот круг натпревари.

Не очекува многу возбидливи натпревари, додека целосниот распоред може да го погледнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Лоши вести од Алканиз: Младиот мотоциклист Уго Милан (14) кој важеше за голем талент, го загуби животот по падот на патеката

Објавено пред

на

Младиот мотоциклист Уго Милан (14) трагично го загуби животот на трката во Купот на таленти на патеката во Алканиз, Шпанија.

Тој изгубил контрола над мотоциклот и паднал во кривината, додека другите возачи пристигнале со голема брзина. Тој се обиде да се спаси, да истрча од патеката, некои успеаја да го избегнат, но не и Полјакот Милан Павелец, кој директно го удрил и му нанел тешки повреди на вратот и грбот.

Во негово сеќавање направија видео компилација од припремата за трката и немилиот момент

Почивај во мир Уго!

ФОТО: printscreen tribute video / youtube

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 11 часа

Хороскоп, последен за месец јули – (31.07)

ОВЕН Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се настрана и не залетувајте се...

МакедонијаПред 20 часа

Ковид-19 денешен биланс, вкупно 74 нови случаи, 5 нови од Кичево, по градови сликата на регистрирани е следна

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово...

На денешен денПред 20 часа

На денешен ден (30 јули)

1419 година – Хусите, следбеници на егзекутираниот чешки религиозен реформатор Јан Хус, испровоцирани фрлајќи камења кон нивната поворка, упаднаа во...

КичевоПред 23 часа

„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (30 јули) петок

ОВЕН Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф...

ТехнологијаПред 2 дена

PS5 стана најбрзо продаваната конзола на сите времиња

Компанијата откри дека продала 10 милиони конзоли PS5 до 18 јули, осум месеци по премиерата на 12 ноември. На тој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица,...

КичевоПред 2 дена

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден...

МакедонијаПред 2 дена

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден (29 јули)

1526 – Во кампања против Унгарија, турската армија го зазеде Петроварадин по тринеделна опсада. Турците тогаш ги освоиле соседните градови...

НАЈЧИТАНИ