Спорт
Нашата женска А репрезентација денес ќе одигра два контролни фудбалски мечеви против Косово

На 24. јуни во 17:30 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје, македонската А женска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со Косово.
Селекцијата предводена од селекторот, Кирил Изов пред два дена ги започна подготовките за контролните натпревари против Косово. Двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар со Косово во Приштина на стадионот “Фадиљ Вокри” во 19:00 часот.
– Не очекуваат два пријателски натпревари против Косово во рамките на јунскиот термин на ФИФА, кои ќе ги искористиме да им дадеме шанса на помладите фудбалерки кои завршија со селекцијата до 19 години, а во која има огромен потенцијал. Иако сезоната е завршена и девојките не се во натпреварувачки ритам, се надевам дека ќе одиграме максимално одговорно, борбено и ќе избориме добар резултат, изјави Кирил Изов.
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Верица Колевска (Скопје);
Одбрана: Викторија Недева (Тиверија), Александра Јовановска (Борец), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Ана Милевска (Истатов), Катерина Петкова (Истатов), Севим Илјаз (Истатов);
Среден ред: Шкине Салији (Хесен, Германија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хана Мустафи (Шкендија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Арлинда Адили (АС Јунајтед);
Напад: Ангела Стојковска (Скопје), Теа Божиновска (Скопје), Улза Максути (АС Јунајтед), Бојана Петкова (Истатов), Ели Јаковска (Митровица, Косово);
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин1 ден
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија11 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин8 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации