Следете не

Временска прогноза

Не очекува стабилно и топло време, ова се најновите метео детали

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре времето ќе се задржи претежно сончево, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во текот на ноќта сабота кон недела.

Според Попоски, во сабота повторно ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека мало опаѓање на истите ќе има од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Временска прогноза

Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.

Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, утрово истакна метеорологот Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Објавено пред

на

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо оваа вечер е во Лазарополе каде се измерени само 10 степени. Од градовите пак најсвежо е во Охрид со измерени 13 степени.

info: meteoalarm.mk

info: meteoalarm.mk

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија доцна вечерва. Во следните часови очекувам понатамошно опаѓање на температурите на воздухот насекаде во Македонија, доцна вечерва информираше Славчо Попоски од Метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.

– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.

Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.

Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.

Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.

Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така  и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за четврток (28 август)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

Фото: Chris G @ unsplash Фото: Chris G @ unsplash
Автомобили14 часа

Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера

По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин14 часа

Apple ќе ги открие новите модели на iPhone на 9 септември

Apple официјално испрати покани за својот голем есенски настан, кој ќе се одржи на 9 септември во Купертино. Настанот традиционално...

Спорт15 часа

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4...

Македонија17 часа

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен...

Свет17 часа

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно...

Временска прогноза18 часа

Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до...

Временска прогноза1 ден

Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (27 август)

♈ ОВЕНДенес твојата упорност ќе биде клучна. Ќе добиеш можност да ја наметнеш својата идеја, но внимавај да не реагираш...

Спорт1 ден

Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија

Колумбиецот Давид Алонсо (CFMOTO Inde Aspar Team) стана првиот возач од својата земја што победил во Moto2, откако триумфираше на...

НАЈЧИТАНИ