Македонија
Не одговорни сме! Ноќеска напишани 107 казни на возачи во алкохолизирана состојба

Синоќа (27/28.11.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 107 возачи. Од нив најмногу на подрачјето на СВР Струмица – 20.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Македонија
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Регионалнот пат Македонски Брод – Скопје утрово затворен за сообраќај поради настанатата ситуација со пожарите во НП „Јасен“

ЦУК утрово известува дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Македонија
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (13 август)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза13 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
На денешен ден14 часа
Времеплов: На денешен ден: 14 август