Магазин
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред

Иако најголемиот дел од iPhone уредите се произведуваат во истите фабрики во Кина, Apple го прилагодува хардверот на уредите според регулативите на различни земји. Овие разлики можат да влијаат на одредени функции, како поддршката за двојни SIM-картички или специфични софтверски ограничувања.
Дознавањето за потеклото на вашиот iPhone е корисно, особено ако купувате користен уред или сакате да бидете сигурни што вашиот уред поддржува.
Како да дознаете од каде доаѓа вашиот iPhone?
- Отворете „Поставки“ (Settings).
- Одете во „Општо“ (General), потоа изберете „За“ (About).
- Проверете го бројот на моделот (Model Number). На крајот од косата црта ќе најдете буква или комбинација на букви.
Овие букви го означуваат регионалното потекло на уредот.
Список на регионални кодови за iPhone
Код | Регион/Земја |
---|---|
A | Канада |
AB | Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ |
B | Ирска, Велика Британија |
CH | Кина |
LL | САД |
SE | Србија |
MM | Албанија, Македонија, Црна Гора |
ZP | Хонг Конг, Макао |
VN | Виетнам |
Целосен список на кодови можете да најдете во упатствата на Apple или преку проверка на официјалните страници.
Зошто оваа информација е важна?
- Функционалности: Некои модели поддржуваат специфични функции, како двојни SIM-картички, само во одредени региони.
- Гаранција: Уредите купени од официјални продавници имаат гаранција без разлика на земјата на производство.
- Купување користени уреди: Проверувањето на моделот ви помага да избегнете евентуални ограничувања или проблеми со уредот.
Сите iPhone уреди што ги продава Apple и овластените препродавачи се подложени на строги тестови за квалитет. Со тоа, можете да бидете сигурни дека добивате производ со врвен квалитет.
Извор: B92
Lifestyle
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!

Во Кичево после подолго време се отвора ноќен клуб каде несомнено ќе биде новиот „епицентар“ на младите, според планираната агенда и работна програма. Во сосема нов, уреден стил, дизајн, кои го задоволуваат потребниот стандарт на модерното време „Клиника Клуб“ на гостите ќе им овозможи одлична програма.
Токму оваа сабота 21-ви јуни со почеток од 22:00ч стартот и официјалното отворање „Клиника Клуб“ го започнува со една од најпопуларните и најбарани пејачки на српската и регионалната сцена, позната по својата харизма, енергични настапи и бројни хитови – Катарина Грујиќ
Грујиќ стана особено славна кога се појави во „Ѕвезде гранда“ далечната 2012, каде ги освои сите симпатии, а беше дел и од шоуто „Фарма“ каде ја покажа својата сила и издржливост, но исто така привлече внимание од јавноста со своите ставови и постапки.
Влезот е со ограничен број, резервациите се во тек на тел бр. 071/799-993, бидете дел и не пропуштајте. „Клиника Клуб“ се наоѓа на локацијата ТУКА, располага со паркинг место и сосема нов модерен стил на објект.
Заследете ги нивните официјални фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА профили, следете ги нивните најнови содржини и агенди.
Хороскоп
Хороскоп за среда (18 јуни)

ОВЕН
Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден, бидејќи ќе ви донесе едно пријатно изненадување.
БИК
Денеска ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Внимавајте на исхраната.
БЛИЗНАЦИ
Време е да излезете од дома и да се социјализирате! Во последно време имавте проблеми со работата и семејството, но тоа не значи дека треба да престанете да се грижите за себе. Излезете и забавувајте се!
РАК
Денес е вашиот среќен ден! Потрудете се да го искористите како што треба, малку забава не е на одмет. Помина долго време од последниот пат кога навистина се забавувавте. Па, зошто да не отидете вечер на луда забава со пријателите?
ЛАВ
Најдете начин како да се зближите со партнерот, бидејќи некое време ви се заладени односите. Доколку не сте во врска, експериментирајте! Одете на состаноци и дознајте која личност најмногу ви одговара. Забавувајте се!
ДЕВИЦА
Бидејќи изминатава недела имавте премногу работа, денес дозволете си да си допуштите неколку чаши вино, или пак вкусен ручек со пријатна придружба.
ВАГА
Добро би било доколку денес емоционалноста си ја задржите за себе. Не покажувајте слабост пред другите. Доколку сте во врска, можеби е време да поразговарате со партнетот за преминување на наредно ниво, како што е заедничкото живеење.
ШКОРПИЈА
Денес ве очекува прилично турбулентен ден. На работа помеѓу вас и колегите ќе завладее општ хаос, а обврските ќе чекаат да бидат извршени. Ако денот ви биде лош, не значи дека таква ќе биде и вечерта. Излезете со вашето друштво и блеснете на забавата.
СТРЕЛЕЦ
Можеби во последен период го запоставивте вашето здравје, но денес посветете внимание на вашата исхрана. Во ред е да пазите на храната која ја конзумирате, но во никој случај не прескокнувајте ги оброците.
ЈАРЕЦ
Конечно стигна и денот кој толку го чекавте. За денес ѕвездите велат дека ќе биде поволен ден за инвестирање во недвижнини. А исто така пробајте се во игрите на среќа. Па што чекате? Право во обложувалница!
ВОДОЛИЈА
Денес шармот ќе ви биде на највисокото ниво, едноставно ќе блескате, а сите ќе гледаат во вас. Одржувајте го контактот со семејството, во последно време многу се одалечивте од нив. Доколку не сте во врска, денес ќе добиете неколку понуди од спротивниот пол.
РИБИ
Денес ќе добиете понуда за започнување на нов проект, кој секако ќе ви донесе добра заработка, но размислете дали тоа е најдобро за вас, бидејќи имате веќе неколку проекти кои треба да се завршат. Вечерта поминете релаксирајќи се со партнерот.
Технологија
По последните ажурирања на „Windows“, некои корисници наводно критикуваа една од новите функции

По последните ажурирања на „Windows“, многу корисници наводно почнале да се жалат дека функцијата за препознавање лице – „Windows Hello“ – не функционира добро во темни услови. Проблемите започнале од април годинава, кога многумина забележале дека системот не го препознава нивното лице доколку нема доволно светлина.
Иако првично се мислеше дека станува збор за софтверска грешка, подоцнежни информации покажаа дека „Microsoft“ намерно го променил начинот на кој работи „Windows Hello“, со цел да ја подобри безбедноста. Со ажурирањето KB5055523, системот сега бара камерата јасно да го „види“ лицето на корисникот, што значи дека при темна околина, препознавањето не е можно.
Порано, „Windows Hello“ користеше инфрацрвена технологија за „3D скенирање“, што овозможуваше работа и при слаба осветленост. Но, „Microsoft“ открил дека постојат потенцијални безбедносни ризици – иако сè уште не се забележани вистински напади. Поради тоа, компанијата решила да ја намали функционалноста на системот за препознавање лице како превентивна мерка.
Сè уште не е познато дали „Microsoft“ повторно ќе ја активира старата функционалност кога ќе се реши безбедносниот проблем. Во меѓувреме, некои корисници откриле начин да го вратат препознавањето во темно, така што ја оневозможуваат стандардната веб-камера преку „Device Manager“ во „Windows 11.“
Извор: benchmark.rs
-
Lifestyle3 часа
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (17 јуни)
-
Македонија2 дена
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Кичево1 ден
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција
-
Технологија1 ден
По последните ажурирања на „Windows“, некои корисници наводно критикуваа една од новите функции
-
Македонија8 часа
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје3 часа
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице