Временска прогноза
Неделна метео анализа: На повидок пролетни температури до околу 18 степени, поинтензивни врнежи се очекуваат во петок..
Во текот на оваа седмица следува период на ПОТОПЛО време со релативно ПРОЛЕТНИ температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 18 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и д југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет а ќе има и повремен слаб локален дожд, особено во западните и во југозападните предели.
ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во петок и истите ќе ги има во поголем дел од Македонија. Снег ќе има само на највисоките планини.
Во Скопје и околината следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец а особено во петок ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.
Оваа седмица наутро и тоа особено во Малешевијата и на планинските и повисоки места температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата, за Порта.мк истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (6 август)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Македонија2 дена
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Lifestyle2 дена
Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете
-
Македонија14 часа
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Lifestyle2 дена
Домашни тортиљи со само две главни состојки
-
Магазин2 дена
Јутјубер во живо го тестира издржливоста на Galaxy Z Fold 7 преклопувајќи го 200.000 пати