Следете не

Свет

Недостаток на бензин и дизел во Лондон и југоисточна Англија, нивната армија вклучена за помош и достава до пумпите

Објавено пред

на

Во Лондон се уште има недостаток на бензин и дизел и на југоисток од Англија, објави вчера Здружението за малопродажба на гориво. Имено во другите делови на Британија, вклучително и Шкотска, северна и централна Англија, се вели дека кризата „практично завршила“.

Претседателот на Асоцијацијата, Брајан Мадерсон, изјави дека бензинот уште не пристигнал на бензинските пумпи во Лондон и на југоистокот од Англија.

Во Британија, од денес, возачите на цистерни во армијата ќе доставуваат гориво до бензинските пумпи за да помогнат во стабилизирањето на испораката по многу хаотичната недела исполнета со панични набавки на енергија и тепачки на бензинските пумпи.

Извор: novosti.rs

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија10 часа

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на...

Хроника11 часа

Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале

На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во...

Македонија12 часа

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за понеделник (24 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Кичево1 ден

Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко

На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (23 ноември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (22 ноември)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

Спорт3 дена

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК...

Македонија3 дена

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин3 дена

Microsoft ја враќа една од најбараните функции

Microsoft конечно ја враќа една од најбараните функции на лентата со задачи во Windows 11. Иако Windows 11 веќе не...

НАЈЧИТАНИ