Следете не

Кичево

Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:

  • Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)

Инфо: струја

Кичево

Со ученици од СОУ „Мирко Милески“ во четврток ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 Март

Објавено пред

на

porta.mk

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево во четврток со почеток од 19 часот ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 Март, проект поддржан од Министерството за култура.

Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер каде учество ќе земат ученици од СОУ „Мирко Милески“.

Бидете дел.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение на неуморната работа на сите дечиња, воспитувачите, негувателките и целата управа од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево.

На почеток вечерта ја отвори директорот на градинката Садик Ахмети кој ги поздрави присутните пред се родителите за нивното присуство, како и помагателите на овој настан.

Ви благодарам на вашето присуство, со вашиот ангажман и поддршка ја докажувате вашата почит према вашите дечиња, на нас работниците и сите влијателни фактори. „Eco Fashion Show“ е во наша организација веќе неколку години, истата ја организараме по повод „18-ти март“ – Светскиот ден на Рециклирањето. Интересот за рециклирање во нашата земја е во постојан пораст, што е добар показател за подигањето на колективната свест на оваа тема, истакна директорот.

Во продолжение ви ја презентираме мега галеријата преку нашиот објектив, доколку сакате фотографија само пишете ни порака на нашата официјална фејсбук страница ТУКА и веднаш ќе ви испратиме

Браво за сите дечиња!

Прочитај повеќе...

Кичево

Рурална Коалиција: Изработени Локални еколошки акциски планови за општините на територијата на ЛАГ „Треска“

Објавено пред

на

Рурална Коалиција

Само 6.25% од општините во Република Македонија ја исполнуваат целосно обврската за изработени и во фаза на имплементација Локални еколошки акциски планови, а само 21,88% делумно ја исполнуваат таа обврска. Тоа беше и главниот поттик да се работи на територијата на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод токму во насока на развој на Локални еколошки акциски планови кои што денес беа презентирани пред претставници на сите три општини кои што воедно и ја сочинуваат територијата на Локалната акциска група „Треска“ која што денес меѓудругото ги утврди и приотитетите за работа за 2024 година.

Локалните еколошки акциски планови се работеа со експертска поддршка изминатите неколку месеци, а истите ги содржат мерките за заштита на животната средина на чија што имплементација општините треба да работат до 2027 година. Како главни предизвици за сите три општини во делот на заштитата на животната средина се идентификувани: нарушен квалитет на воздухот од индустриски активности и интензивен сообраќај, отсуство на селекција на цврст отпад, диви депонии, користење на огревно дрво за загревање, нарушен калитет на почва од индустриски активности, прекумерна употреба на агрохемиски средства на земјоделските посеви итн.

Во следниот тригодишен период општините ќе работат на едукација на населението, јакнење на капацитетите на институциите, отстранување на дивите депонии, јакнење на меѓуопштинската соработка, вклучување во процесот на праведна транзиција, како и јакнење на капацитетите на ЛАГ-от во насока на имплементација на изготвените еколошки планови.

Со изготвувањето на ваквите планови се јакне стратешкиот развој на општините опфатени со плановите, а во наредниот период пак ќе се работи на мобилизација на локалното население и реализација на активности кои што ќе придонесат кон директна имплементација на мерките предвидени во ЛЕАП-ите.

Проектот „Локални партнерства за локални климатски акции“ го имплементира Рурална Коалиција како институционален грант, а во рамките на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.

Инаку, оваа содржина е со единствена одговорност и извор на Рурална Коалиција, така што не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Фотогалерија од настанот:

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт7 минути

Андов Александар ја презема женската фудбалска репрезентација на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија го назначи Александар Андов за нов селектор на македонската женска А репрезентација. Александар Андов досега ја...

Кичево15 минути

Со ученици од СОУ „Мирко Милески“ во четврток ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 Март

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево во четврток со почеток од 19 часот ќе биде одбележан Светскиот ден на...

Магазин2 часа

Sora, генератор на видео со вештачка интелигенција, ќе биде јавно достапен за неколку месеци

OpenAI Sora, видео генератор базиран на вештачка интелигенција, привлече голем интерес од неговото претставување, но сè уште не е достапен...

Магазин4 часа

Хакери тврдат дека украле податоци од корисниците на Viber

Хандала Хак, пропалестинска хакерска група, тврди дека го хакирала Viber и бара компензација. Хакерите на нивниот канал Telegram објавија дека...

Магазин4 часа

Nvidia го објави својот најмоќен чип со вештачка интелигенција досега: „Ни требаат поголеми графички процесори“

Nvidia има за цел да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција...

Култура4 часа

Netflix ја враќа Black Mirror во 2025 година

Седмата сезона на Black Mirror е на пат. Netflix потврди дека научно-фантастичната антологија на Чарли Брукер ќе се врати во...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (19 март)

ОВЕН Овен, имате за што да бидете благодарни. Зошто не го прославите тоа вечерва со пријателите? Заборавете на проблемите со...

Кичево16 часа

(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“

Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение...

Магазин1 ден

Новото истражување покажа невообичаени последици од борбата против пиратеријата

Заканувачките пораки против дигиталната пиратерија може да имаат необични резултати, нагласувајќи ја потребата од приспособени пристапи, покажа новото истражување. Една...

Магазин1 ден

Најавена е соработка на два гиганти: вештачката интелигенција на Google наскоро ќе се најде и на iPhone

Акциите на Alphabet пораснаа за 2,7% во почетокот на тргувањето во понеделникот, по веста дека технолошкиот гигант Apple преговара за...

НАЈЧИТАНИ