Занимливости
Неколку работи кои не сме ги знаеле додека „киваме“

Не можеме да го контролираме кивањето, а тогаш доаѓа до низа рефлексни активности, за чии последици и не размислуваме. Сите ги затвораме очите додека киваме, дури и кога се обидуваме да го спречиме или ублажиме.
Со кивањето ги исфрлуваме сите лоши честички насобрани со дишењето, срцето тогаш работи побавно, затворањето на очите е природен рефлекс.
Овие работи следат потоа:
– Бактериите кои тогаш ги исфрлуваме се движат 160 километри на час и речиси никој во опкружувањето не може да им „избега“, бидејќи имаат домет до десет метри.
– И на ноздрвите им е потребно „ресетирање“, како и на компјутерите, со кивањето ги исфрлуваме сите лоши честички насобрани со дишењето.
– Причините за кивањето се бројни: сончева светлина, хартија, студен воздух, бибер, алергии…
– Затворањето на очите е природен рефлекс и не може да се контролира.
– Срцето тогаш работи побавно, што поголем дел од луѓето тоа не го регистрираат. Тоа е последица на длабокото вдишување пред и стимулации на нервите во текот на кивањето.
– Никогаш немојте да го задржувате здивот, за да бидете потивки, бидејќи може да дојде до пукање на капиларите во очите, како и до проблеми со дијафрагмата. Ако сакате да го спречите кивањето, истрлајте го носот, притиснете ја со прстот кожата над горната усна и силно издишете низ носот, советуваат експертите.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза8 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт8 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија