Хроника
Ненадејно почина Илми Мустафов син на починатата легенда Ферус Мустафов
Ненадејно и по кратко боледување според информациите на порталот “РомаТајмс” ноќеска, 16 август 2023 почина познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, син на музичката легенда Ферус Мустафов кој за жал пред неполни 3 месеци на 22 мај почина.
Илми беше и активен член на групата Огнени Момчиња, каде лично пред неколку вечери упати поздрав до нашата екипа во атарот на с.Косоврасти, рекански дел каде “Огнените момчиња” заедно со нашите кичевчани, речиси секојдневно се дел од тамошните веселби.
Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група дел со неговиот познат татко сега легендарниот Ферус Мустафов.
Инаку Илми е татко на веќе големиот виртуоз од мали нозе, новиот мајстор, продолжена лоза на легендарните Мустафови, младиот Ферчо Мустафов.
Преку социјалните мрежи од него се опростуваат многу музичари и негови колеги, додека погребот ќе биде утре (17.08) од 13:00 часот на гробиштата во Камник, Скопје.
Почивај во мир легендо!
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево8 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево1 денТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија1 денОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
