Следете не

Македонија

Пред нас уште еден споен викенд, доаѓа Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, ова се останатите неработни денови до крај на годината

Објавено пред

на

Овој петок, односно 24 мај – е Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Но, еден ден претходно на 23 мај сите кои се од влашка националност, поради Денот на Власите кој се паѓа во четврток исто така за нив ќе биде неработен ден.

Инаку, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на Република Македонија:

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
02 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари

Објавено пред

на

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави.

Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на територијата на Република Македонија и на Република Србија формирана е организирана криминална група, составена од македонски и српски државјани, која имала за цел изработка и пуштање во оптек на фалсификувани пари. Во стан на подрачје на Скопје, по претходно направени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари, биле изработувани лажни пари во различни апоени. Вака изработените лажни пари организираната криминална група ги пуштала во оптек во платниот промет на Република Македонија и Република Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во рамки на акцијата на територија на Република Македонија, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица, при што лишени од слобода се 10 лица (девет лица од Скопје и едно лице од Велес). При извршените претреси пронајдени и одземени се предмети и парични средства кои ќе бидат предмет на вештачење и тоа: околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубљи, CNC машина за изработка на калапи, калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, три пиштоли, една пушка, 100 парчиња куршуми калибар 9 мм, 40 патрони калибар 12 мм, кесе исполнето со бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, повеќе телефонски апарати, СИМ картички, УСБ и лаптопи.

Во рамки на акцијата спроведена во Република Србија лишени од слобода се шест лица, членови на организираната криминална група, при што пронајдени и одземени се околу 153.700 евра.

Активностите ќе продолжат и понатаму во рамки на отворената меѓународна истрага и во текот на денешниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle45 секунди

Без ботокс: Природен пијалок за сјајна и мазна кожа

Ако барате природно решение за подобар тон на кожата, едноставен пијалок со портокал, морков и ѓумбир стана вистински хит во...

Магазин2 минути

Кина планира детална истрага за App Store

Акциите на Apple паднаа за 2,6% откако се прошири веста дека Кина размислува за формална истрага за таксите и политиките...

Магазин5 минути

Apple итно го издава iOS 18.3.1: Корисниците предупредени за безбедносен ризик

Apple денес, на 11 февруари 2025 година, неочекувано ги објави ажурирањата iOS 18.3.1 и iPadOS 18.3.1, чија цел е поправка...

Магазин6 минути

Моќната кинеска вештачка интелигенција предизвикува страв: Овие земји го забранија DeepSeek

Кинескиот стартап DeepSeek неодамна го потресе технолошкиот свет, надминувајќи го ChatGPT по бројот на преземања во продавниците за апликации. Неговото...

Lifestyle8 минути

Колкав процент од нашиот мозок навистина користиме?

Често слушаме митови како: „Користиме само 10% од нашиот мозок“ или „Дури и Тесла користел само 10%“. Но, дали ова...

Магазин10 минути

Конечно поголеми батерии? Samsung размислува за голема промена

Samsung размислува да го зголеми капацитетот на батеријата за Galaxy S26 со примена на нова технологија за батерии. Според извештајот...

Спорт33 минути

ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Во...

На денешен ден12 часа

На денешен ден, 11 февруари

1868.- Почина францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко, кој заедно со Арман Физо ја мереше брзината на светлината. Тој ја...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (11 февруари)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Свет13 часа

Санторини не мирува, нов силен земјотрес регистриран пред неполн час, ова се информациите

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 10 февруари, во 21 часот и 16...

НАЈЧИТАНИ